Мартинци -волчји денови

0
205

Стар народен календарски обичај поврзан со различни датуми. Трае еден или три дена и најчесто се врзува со божиќните поклади (14 ноември до по Св. Ахангел). Со овие денови се поврзани повеќе дејства, со кои му се врзува устата на волкот да не ја јаде стоката и луѓето.

Тоа се правело на тој начин што гребни за коноп или волна се оставале од двете страни на вратата од шталата и по поминувањето на стоката тие се затворале и така се оставале подолог период, со верување дека така ќе им биде затворена и устата на волците.

За да не прават штета, на ваквите магиски дејства против волците се посветени и други денови во годината. Се верувало дека човек што носи облека правена во овие денови, ќе го напаѓаат волците.
Во овој период од годината 14-24 ништо не се дава од куќата, не се преде волна и ништо не се пере. Кројачите и чевларите одмораат, а жените не работат рачни работи. Обичај е во овие денови да се заколе црно пиле или млад црн петел.
Се колеше молчејќи, во рана зора, на куќниот праг. Претходно на пилето или на петелот клунот му се врзува со црн конец за да не писка и да нема никаков глас. Отсечената глава од пиле се врзувала со црвен конец за клин и со неа се баело.

За овоие денови поврзани се повеќе прикаски меѓу народот, еве две позајмени-преземени од господин @Љупчо Цековски.

Лупчо Цековски Mratinci pocnuvat takali od vecerva ne se sie maski alista ne se perat

Лупчо Цековски

Сибила некоја жена инаетчика за време на овие празници исплела волнени чорапи на мажо, и чукнало нешто на умо да го прати мажо кај мајкаи да земи нешто ноќеска тој кутрио за да неправи џурунтии ја послушал и тргнал стасал зел што требало и на враќањето го сретнал тој пушти викал викал тој така се приближува, се качил човеко на нај блиското дрво и почнал да мава со гранките што можел да ги скрши и вика тој небега почнал дасе соблекува божем да го исплаши и ако се случи нешто да настрада најдат белек луѓето, арно кога ги соблекол чорапите што ги исплела инаетчиката ги зел во уста и си заминал така куртулил човеко

Претходниот артикал,Јапонско Јаболко
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН- 17 Ноември

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука