НА ДЕНЕШЕН ДЕН -21 АВГУСТ

0
322

*21. авг. 2001. – Еден од најтрагичните денови во конфликтот во 2001. Само една недела пред манастирската слава ‘Голема Богородица’ – во селото Лешок, Тетовско, кога  беше  минирано  православното светилиштеманастиротСвети Атанасиј во Лешок.

* 21 август 1901 година, 18 комити предводени од Јане Сандански и Христо Чернопеев ги киднапираат американската протестантска мисионерка Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Стефанова Цилка. Револуционерите, кои медиумите ги сметаат за бандити, бараат откуп од 25 илјади турски лири, или околу 110 илјади американски долари. На крајот ќе се задоволат со 15 илјади лири, односно, со 68 илјади долари. Во следните, речиси шест месеци, американските медиуми секојдневно го следат развојот на настаните. На 2 февруари 1902 година, Стон, Цилка и нејзиното двомесечно бебе Елена, која е родена во заробеништво ќе бидат ослободени во близина на Струмица. 

*21 август 1903 година турските власти откриле план за создавање на нов востанички реон во Скопската област, со цел да се попречи турскиот гарнизон да замине на помош на турските трупи во Битола.

 *21 август 1923г .во с.Сингелиќ –скопско родена е Oливера Верa Јоциќ ,загина кај село Саса, Делчевско, 22 мај 1944) — партизанка, македонски и југословенски првоборец и воено лице одликувано со Орден на народен херој.

*21 август 1968.- Советскиот Сојуз и другите земји-членки на Варшавскиот пакт, освен Романија, влегоа и ја окупираа  Чехословачка. Со тоа е означен крајот на „Прашката пролет“, а се формира принципот на “ограничен суверенитет” во рамките на социјалистичката заедница.

*21 август2015.- Јули е најтоплиот месец досега на планетата Земја, со тоа што најтопло било во Европа и Блискиот Исток. Американските метеоролози објавија дека просечната температура во јули на глобално ниво изнесувала 16,6 степени Целзиусови што е за 1,7 степени повеќе од тоа што е регистрирани последен пат во 1998 година. Најжешки делови во светот во јули биле Европа и Блискиот Исток. Според резултатите температурата регистрирана од првиот до седмиот месец годинава, исто така, е над повеќедеценискиот рекорд. Просечната температура на глобално ниво во овие месеци изнесувала 14,7 степени Целзиусови, што е за 1,53 степени над просекот регистриран во 20. век. Температурата на водите во океаните, исто така, бележи раст од 1,35 степени Целзиусови во месец јули во однос на температурата во истиот период регистрирана минатиот век.

*21 август 2015г.Големиот бран на бегалци и имигранти на јужната граница на Македонија, ги  принуди властите да прогласат кризна состојба на граничнот илегален премин кај Гевгелија и Куманово. На терен се силите на полицијата и армијата кои воспоставуваат ред и пропуштаат селективно и контролирана количина луѓе кои треба да стигнат до Србија, односно на север кон некои од европските држави. Истиот ден илјадниците емигранти –бегалци насилно сакаа да го пробијат кордонот и другата гранична заштита на границата со Грција кај Гевгелија.При ова дојде до жесток судир помеѓу македонските гранични служби и сириските и други емигранти .а имаше и повредени на двете страни.

Претходниот артикал,ВЕРУВАЊА ПОВРЗАНИ СО КОЊОТ
Следната статијаБОЈАН ПЕТРОВСКИ-ФУДБАЛЕР

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука