НА ДЕНЕШЕН ДЕН-21 ЈУЛИ
*21 јули 356 г. пр.н.е. ДЕНОТ КОГА КРАЛОТ НА КРАЛЕВИТЕ И НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНЕЦ СЕ РОДИЛ ! АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ Роден во Пела, Кралството Македонија Александар Македонски во историјата ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок. Римјаните кои ќе тргнат по стапките на Македонците, ќе го наречат „Alexander Magnus“.Умира во Бабилон, 11 VI 323


* 21 ЈУЛИ 1942 година во Скопје од бугарските окупатори е осуден на смрт и обесен Ѓорѓи Василев НАУМОВ. Тој бил истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Битола на 18 јануари 1916 г. Потекнувал од земјоделско семејство од селото Битуша, Леринско, Егејски дел на Македонија, кое по Првата балканска војна се доселило во Битола. Бил брат на народниот херој Стеван Наумов-Стив

* 21 ЈУЛИ 1942 година во Скопје од бугарските окупатори е осуден на смрт и обесен,Блаже ДИМИТРОВСКИ–Рогозинаро, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во селото Путурус, Битолско, во 1904 г. Пред Втората светска војна беше печалбар во Франција.

* 21 ЈУЛИ 1942 година во Скопје од бугарските окупатори е осуден на смрт и обесен Кочо ДЕСАНОВ–Десано, истакнат припадник на македонскотонационалноослободително движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во Битола во 1920 г. Во синдикалното движење беше вклучен од пред Втората светска војна. По бугарската окупација на Вардарскиот дел на Македонија е примен за член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Во април 1942 г. беше непосредно ангажиран во организирањето, прифаќањето и испраќањето на борците од градот Битола кон партизанскиот логор над битолското село Лавци, каде требаше да биде формиран првиот партизански одред во Битолско. По уништувањето на партизанскиот одред „Пелистер“ тој е откриен и уапсен од бугарската полиција. Бугарскиот окупаторски воен суд го осуди на смртна казна со бесење која веднаш беше реализирана во Скопскиот затвор на 21 јули 1942 г.

* 21 јули 1969.- Американскиот космонаут Нил Армстронг во 02 часот и 56 минути по источноамериканско време (УТЦ) стапна на површината на Месечината. Тој беше првиот човек кој стапна на површината на Месечината. По триесеттина секунди тоа го стори и Едвин Олдрин. Овој потфат беше реализиран со американскиот вселенски брод „Аполо 11“ и со помош на неговото лунарно возило „Орел“ и космонаутот Мајкл Колинс кој кружеше околу орбита на Месечината со матичниот брод „Аполо 11“. Притоа Нил Армстронг рече: „Тоа е мал чекор на човек, но голем скок на човештвото“.

* 21 јули 1984.- Во Скопје умре Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20 ноември 1906 година.

* 21 јули 2001г. почина Крсте Црвенковски ,македонски револуционерен деец, учесник и организатор на антифашистичката и национална борба на македонскиот народ, врвен македонски политичар и дисидент. Во комунистичкото движење се вклучил уште како гимназијалец, станувајќи член на СКОЈ во 1935 година Истакнат македонски политичар од 1945 г.до осумдесетите години од минатиот век . Народен херој на СФР Југославија, од Македонија.