НА ДЕНЕШЕН ДЕН-18 МАЈ

0
673

*18 мај е меѓународен ден на музеите

 *18 мај 1993 година, убиени се со снајпер сареевските Ромео и Јулија. Бошко бил Србин, а Адмира, муслиманка од Босна, не им претставувало препрека ниту нив, ниту пак на нивните родители, за жал, не го дочекале крајотна војната  за да продолжат заедно да живеат.Снајперистот прво го погодил Бошко кој веднаш починал, а потоа и Адмира која смртно ранета смогнала сили да се дојде до Бошко, го прегрнала и починала.Двајцата останале да лежат осум дена на земјата, бидејќи никој не се осмелувал да ги помести од таму.

* 18 мај 1916 година, Скопје и околината го задесила голема поплава,една фотографија од поплавено Скопје на тој ден.

*18 мај 1872 година во селото Влахи, Пиринска Македонија,роден е  Јане Сандански , истакнат македонски револуционер, војвода и раководител на ТМОРО – ВМРО. Потекнува од земјоделско семејство. Татко му Иван, во 1878 година учествувал во Кресненското востание како знаменосец (барјактар), односно заменик на главниот војвода. По задушувањето на Кресненското востание, семејството било приморано да се пресели во Дупница, Бугарија. Тука Јане пораснал, завршил основно образование и втор клас гимназија. Две години работел како чевларски чирак, потоа уште две години како молбописец, па адвокатски помошник кај својот вујко и самостојно.Воениот рок во бугарската армија го отслужил од 1892 до 1894 година во Ќустендил, во 13 – от пешадиски рилски полк. Како резултат на покажаните резултати во воената обука бил произведен во чин помлад водник. Од 1895 до 1897 година учествувал во четничкото движење организирано од ВМК, а од 1899 година преминал во ТМОРО. Јане Сандански ги поминал сите развојни фази од обичен борец, преку главен војвода, до командант на оперативен штаб. Бил еден од главните организатори на пленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес за кревање востание во 1903 година, но по започнувањето на востанието го извел Крстовденското востание во серскиот револуционерен округ. Бил поистакнат преставник на Серската група и Реформската струја, и е еден од оснивачите на Народната федеративна партија. Со своите чети учествувал во Младотурската револуција и во Балканските војни. Животот го завршил на 22 април 1915 година обидувајќи се да ја спречи Бугарија во вклучувањето во Првата светска војна бидејќи тоа би значело нова катастрофа за Македонија. Во текот на неговата бурна воена и политичка дејност, се застапувал за ослободување на цела Македонија, за сочувување на територијален интегритет и создавање самостојна македонска држава.

*18 мај 1921г. Во Скопје под притисок на јавноста затворена е јавната куќа „Велика Србија“

*18 мај 1961.- Во Скопје, во киното „Култура“, е одржана премиерата на „Мирно лето“ – првиот игран филм, режиран од македонски филмски автор, режисерот Димитрие Османли.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука