НА ДЕНЕШЕН ДЕН -25 декември

0
304

*25  Декември 2019 година во Миладиновци  отпочна со изградба детска градинка .Вкупната вредност на инвестиција изнесува 30 милиони денари, од Буџетот на Општина Илинден се обезбедени 24 милиони денари и 6 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика.Проектот за изградба на нова детска градинка во населено место Миладиновци, која ќе се простира на површина од 540 метри квадратни со капацитет за згрижување на 90 деца. Во овој капитален објект ќе се згрижуваат дечиња на возраст од 2  до 6 години, како и деца на возраст од 9 месеци до 2 години односно ќе се воведат јасли за најмладите. Новата детска градинка е лоцирана  веднаш до Централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ и новоизградената амбуланта во населено место Миладиновци, и се  се планира да отпочне со работа кон крајот на 2020 година, со што ќе се создадат услови за згрижување на најмладите од околните населени места каде вкупно живеат приближно 4000 жители.

*25 декември 1882 година , во Битола  родена е Рајна Алексова е македонски фармацевт. Таа е прва жена фармацевт во Македонија и на Балканот. Работела во фамилијарната аптека лоцирана на „Широк сокак“ во Битола се до пензионирањето во 1944 година. По завршувањето на француската гимназија во Солун, таа со својот постар брат Ристо Алексов, кој бил трговец и воедно ја имал првата апотека во Битола, заминала со воз за Швајцарија каде во 1902 година се запишала на Фармацевскиот факултет во Лозана. Четири години потоа, дипломирала на 17 јули 1906 година, и станала првата Македонка дипломирана фармацевтка, воедно и прва жена фармацевтка на Балканот.

*25 декември 1877.- Во селото Мачуково, Гевгелиско, е роден Сава Михаилов – Савата, неуморен револуционер, организатор и доследен борец на македонското националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. vек. На 1 март 1905 година, во близина на Смол, на местото Голема Рудина, Гевгелиско, Михаилов го имал последниот оружен судир против турската војска. Откако му привршила муницијата, за да не падне жив во рацете на непријателот, се отрул.

*25 декември 1854 роден е Антон Лазов Јанев –Ќосето,македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа во 1901 година на мисионерката Мис Стон, како и во Илинденското востание во 1903 г. Починал на 10 октомври 1953г.

*25 декември 1903.- Во Софија излезе од печат книгата “За македонцките работи” од македонскио публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: “Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура”.

*25 декември 1920.- Во Скопје е роден Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Неговата збирка “Растрел” (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: “Бегалци”, “Блокада”, “Луѓе и птици”, “Солунските атентатори”, и други. Автор е на сценаријата за филмовите “Солунските атентатори” и “Под исто небо”, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите “Мементо”, и “Републиката во пламен”. Умрел кај селото Ерџелија, Светиниколско, на 10 ноември 1968 година.

*25 ДЕКЕМВРИ  1923 година, во Битола е родена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Основно и средно образование завршила во родниот град. Била истакнат припадник на македонското националноослободително  движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонијa. Во април 1943 г. станала борец на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а набрзо потоа во Битолскиот партизански одред “Гоце Делчев”. Кога била формирана Третата македонска народноослободителна ударна бригада н а 26 февруари 1944 г. била поставена за политички комесар на чета. Во август 1944 г. била поставена за политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада. Загинала во борба со бугарските војници од пограничната караула на Кајмакчалан на 26 август 1944 г. За народен херој била прогласена на 11 октомври 1953 г.

*25 декември 1926.- Роден е Никола Солдатов, македонски новинар и тв-коментатор. Умрел во Сремска Каменица, на 3 ноември 1989 година.

*25 декември 1930,роден е Стојан Кочов  македонски борец, научен истражувач и публицист.Во годините на Граѓанската војна во Грција активно учествува како партизан во редовите на Демократската армија на Грција. 
Од 1950 до 1957 година живее и се школува во Советскиот Сојуз, се до неговото враќање во С.Р. Македонија во 1957 година.Како капитални негови дела се сметаат книгите: Идеолошкиот активизам над      Македонците под Грција, Ѓорѓи Пејков – Македонскиот воин низ историјата на ДАГ (1945-1949), Мртвото лице на војната, Средба, Една мртва војска…

Beograd 16.07.2010. Kompozitor Zafir Hadzimanov foto Aleksandar Andjic

*25 декември 1943.- Во Кавадарци е роден Зафир Хаџиманов – актер, поет, музички композитор и пејач. Поетски книги: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Играл главна улога во култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“. Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.

Претходниот артикал,РАЗВОЈ НА СООБРАЌАЈОТ ОД 1945 до денес
Следната статија„МАКЕДОНСКА КУЌА“ – Скопје

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука