НА ДЕНЕШЕН ДЕН -19 АВГУСТ

0
208

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -19 АВГУСТ

 *19 август 1946 година, некаде крај Скопје, извршена е смртната казна над Трајко Попов, осуден на смрт од “судот на народот” Трајко Попов е роден во с. Раштак, Скопско.Трајко Попов (1907-1946), лидерот на Македонското национално движење – “Бунт”, основано во Скопје во 1938 год. Како прва жртва на комунистичката власт во Македонија, осуден е на смрт затоа што “… се борел против државното уредување на ФНР Југославија, за Македонија да се отцепи од југословенската братска заедница, за истата да биде самостојна…”Неговиот соборец од “Бунт” и од “Идризово”, Ефтим Гашев, во својата книга “Нашата кауза”, за последните денови од животот на Трајко Попов, пишува: “… слегувајќи и качувајќи се по железните скали крај карцерите, во првиот лев карцер го забележавме низ малото прозорче ликот на Трајко Попов. По скалите одевме бавно за меѓусебното видување да ни трае подолго, макар и миг. Ни се среќаваа погледите, а тој ги креваше рацете со стиснати тупаници. “Главата горе и не се плашете! Само напред!”, го слушавме гласот на Трајко…”Во предвечерието на неговото стрелање, при средбата за испраќање, на своите најблиски им вели: “Ако не престанете со плачењето веднаш ќе се повлечам и цел живот ќе ви биде жал за ваквата разделба. Не плачете! За Македонија гинеле со илјадници, вечерва и Трајко Попов ќе падне за слободата на Македонија!”

Спомен обележја на Трајко Попов во неговиот РАШТАК

Инаку Трајко Попов во еден период бил намесник за тогашно Белимбегово и Марино од 1941-1943 г.и живеел во Илинден(тогаш Белимбегово) .При секојдневните средби со грѓаните се поздравувал со зборовите за самостална Македонија.Пред неговото стрелање добил понуда да се откаже јавно од ставовите за Самостална Македонија ,но тој тоа енергично го одбил. Во меѓувреме во селата во скопска блатија се собрале повеќе илјади потписи за негово ослободување.Неговата популарност меѓу населението  им сметала на тогашните власти и тоа  само  ја убрзала постапката за неговото ликвидирање.Бил одличен говорник и играорец .(користени сеќавања на постари жители и  на Ефтим Гашев).

*19 АВГУСТ  1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија бил роден Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Бил член на  (СКОЈ) и  (КПЈ) во 1939 г., член на Месниот комитет на СКОЈ во Битола (1941) и секретар на Обласниот комитет на СКОЈ. Бил борец на Битолскиот партизански одред “Јане Сандански”.По ослободувањето дипломирал на Правниот и на Економскиот факултет, а потоа докторирал на темата „Битола – дејството на основните општественоекономски факори врз развитокот“. Бил редовен професор на Економскиот факултет и на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита во Скопје, директор на Уредот за статистика на Народна Република Македонија (НРМ), секретар на Извршниот совет на НРМ, сојузен секретар за законодавство и организација на власта на Сојузниот извршен совет (СИС), претседател на Републичкиот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), потпретседател на Извршниот совет на Собранието СРМ, член на Сојузниот извршен совет, судија на Уставниот суд на СРМ, претседател на Претседателството на Сојуз на здруженијата на борците од Народноослободителната војна (СЗБНОВ) Неговите научни трудови се однесуваат главно на Антифашистичката војна и на економскиот развиток на Битолско. Бил носител на „Партизанска споменица 1941“ како и на низа други ордени, награди и признанија. Починал на 17 јули 2016 во Скопје.

*19 август 1964 г. роден е Пепи Манасков –ракомет .Спортист со долга и успешна кариера играше во многу клубови во Македонија,СФРЈ,Европа ,еден од најуспешните ракометари што произлегле од Македонија.

*19 август 1952 – во Скопје, роден е Ненад Стојановски ,македонски театарски, филмски и телевизиски актер.Почина на 14 јули 1998г.

*19 август 1982.- Во Скопје умре Адем Гајтани, македонски писател од албанската етничка заедница во Македонија и новинар во весникот „Флака е влазеримит“ во Скопје. Роден е во селото Подуево, на Косово, на 21 јули 1935 година.

Претходниот артикал,Свадба на Душан и Добринка-1966
Следната статијаМанастирот Свето Преображение

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука