Овој род- галабија во Илинден се доселени од с.Бујковци за време турско, деленици со родот на Аџаларци, слават иста слава.
Спрема Стојанче Нацевски,нивни потомок, пред да се доселат во с. Бујковци, живееле во с.Кожле ,а според некои други кажувања , нивното потекло е од некое друго село на падините на планината „Китка“.
Сепак кажувањето од Стојанче изгледа поверодостојно
,затоашто тоа било
прераскажувано од неговиот дедо Томе и произлегува од самиот род.
Инаку стариот род од
предходници на Савеви и Аџаларци биле шест браќа ,по извршена одмазда (убиство)
врз некој турчин ,затоа што тој им направил голема пакост ,откако се одмаздиле
биле принудени да се отселат од дотогашното место на живеење.

А, за да не бидат откриени се населиле тројца
браќа во Бујковци, тројца во Аџалари (Миладиновци)
Најстар кој се доселил во
Илинден од овој род бил Саве,по когу и го добиле името на галабијата-„Савеви“.
*Саве имал четири сина: Боце, Томе, Ѓоре и Блажо.

*Боце Првиот син на Саве имал две
ќерки,Трајанка мажена во Скопје и Кита мажена во С.Ново Село –скопско.
*Томе вториот син на Саве, имал
еден син Краљо.

Краљо,син на Томе имал две деца ќерка Славица и син Стојанче.

Славица ,ќерка на Краљо е
омажена за Живко Митков и живее во Скопје и има две ќерки Силвија и Ана..
Стојанче,син на Краљо има три
деца, син Краљо и две ќерки Ева и Ива.

*Ѓоре третиот син на Саве имал три сина Благоја, Панче и Борко и три ќерки Божа ,Илинка и Марица.
-Божа,ќерка на Ѓоре омажена во Илинден за Страхил и има три сина Тоде,Миле и Драги и две ќерки Нада и Ленче.
-Илинка,ќерка на Ѓоре омажена во Горно Лисиче .
-Марица, ќерка на Ѓоре во Ѓорче Петров.

-Благоја,син на Ѓоре имал два сина Тоде и Миле и две ќерки Благуна и Гордана.
Тоде,син на Благоја имал син Јованче и ќерка Анета ,која е омажена во Марино .
Јованче , син на Тоде има две деца син Горазд и ќерка Анѓа.
Анета , ќерка на Тоде има две деца син Филип и ќерка Сара.
Сара, ќерка на Анета омажена во Скопје и има син Дамјан.
Миле, син на Благоја има две ќерки,Ивона и Дијана.

-Панче,син на Ѓоре имал пет керки Лиле,Дуна ,Сузе и Сунчица и Maja.
-Борко,син на Ѓоре -отселен во Скопје ,кој имал два сина Душко и Зоран.

*Блажо,четвртиот син на Саве,, загинал од нагазна неактивирана мина во дворот на својата куќа за време додека бил на отсуство ,за време на Втората светска војна.
Се уште, меѓу потомците на ова галабија,ама и пошироко се прераскажува „шегата-далаверата“што му ја направил Саве на турскиот бег ,кога од бегот побарал жито затоашто како што му рекол,дека неговите деца од Бадник до Божик не туриле ниту залче леб во уста.
Бегот немал претстава колку време поминало од Бадник до Божиќ, му рекол на Саве што си чекал до сега, оди и земи жито онолку колку што ти треба „ да не трпат деца за леб“.
Денес, наследниците на ова галабија го носат административното презиме Нацевски.
Куќна слава им е „Митровден„.
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************