* 11 септември 1944.- Ослободена е Струмица и околните села. Во завршните борбени операции за ослободување на Струмица загина ВЕЛКОВСКИ АНГЕЛОВ ЉУБЕН , роден во 1922 година. Љубен ,жител на тогашно Белимбегово потомок на родот Најдови,произлегувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото. Уште како млад придонесувал за подобрување на материјалната положба на своето семејство. Во 1943 година бил мобилизиран во бугарската војска. По нејзината капитулација, стапил во Отечественофронтовската армија, во 3 коњички полк, со кој заминал кон Македонија. Тогаш веќе се воделе завршните операции за целосното ослободување на Македонија. Со својата единица се борел против Германците и храбро загинал кај Струмица.
* 11 септември 1944.- Ослободен е Ресен.
* 11 септември 1903.- На планината Плавица, Кратовско, здружените чети на македонските војводи Славчо Ковачев и Атанас Бабата водеа еднодневна борба против турската војска. Здружените чети имаа тројца загинати и еден ранет борец.
* 11 септември 1943.- На патот Кичево – Охрид НОП баталјон “Мирче Ацев” урна три моста и исече 130 столбови, а во селото Смилево, Охридско, ја запали жандармериската станица. Следниот ден баталјонот влезе во Кичево.
* 11 септември 1943 по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево.Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано
* 11 септември 1972.- Во Кичево се одржаа првите Литературни средби „Курирче“. Во почетокот беа познати како „Копачки видувања“. Тоа е манифестација на македонските писатели и на младите творци од литературата и од ликовната уметност
* 11 септември 1996.- Република Македонија и Бахреин воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
* 11 септември1997.- Република Македонија стана полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).
* 11 септември 2000.- На привремената караула Кодра Фура на македонско-југословенската граница, кон Косово, дојде до серија инциденти во кои непознати вооружени лица пукаа кон македонските граничари
*11 септември 2001.- Исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и изведоа најголеми терористички напади во историјата. Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиони. Третиот авион со едното крило допре до зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвриот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија. Во нападите загинаа најмалку 2.973 лица. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал Каеда на саудискиот исламски тероризам Осама бин Ладен.