*2 декември 1952 година, се одигра пријателски натпревар помеѓу ФК Вардар и Малме.Натпреварот се одигра во Скопје, само пет години по формирањето на Вардар Пред полните трибини , Вардар издвојуваше победа со 3-1.

Под „палката“ на легендарниот Кирил Симоновски – Џина, Вардар му се спротивстави на шведскиот тим во следниот состав: Видиниќ, Кокиновски, Д. Георгиевски, Лазаревски, Новаков, Јаневски, Миланов, Геров, Велковски, П. Георгиевски, Цинциевски. Голем број од овие наведени играчи, се фудбалери кои што во славната 1947 година почнаа да ја испишуваат историјата на клубот.

*2 декември 1971.- Советскиот вселенски брод „Марс 3“ слета на планетата Марс.
*2 декември 1884.- Во Скопје е роден Јахја Кемал Бејатли (вистинското име му е Ахмет Аѓах), турски поет, еден од основоположниците на современата турска поезија. Умре во Истанбул, на 1 ноември 1958 година.

*2 декември 1944.- Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје – Битола и Прилеп – Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, почна новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница “Македонија сообраќај” на 4 декември 1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија.

* 2 декември 1946.- По борбата што се водеше помеѓу партизаните и грчката владина војска на патот Лерин – Псодери, грчките власти го почнаа теророт во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеа грабежи, горење и пустошење. Изгореа 46 трла, плевни, воденици, а беа фатени и ѕверски мачени 28 невини Македонци.
*2 декември 1998.- Владата на Република Македонија донесе одлука за доаѓање на НАТО-силите во Република Македонија во функција за извлекување на Верификационата мисија на ОБСЕ во Косово.










































