ДЕНЕШЕН ДЕН – 14 Декември

0
729

*14 декември 1986г.во Вардаровата историја ќе остане запаметен по победата на „црвено-црните“ против Динамо, триумф со кој што Вардар стана есенски првак на Југославија. Сето ова се случуваше во сезоната 1986/87. Во натпреварот од рамките од 17. коло, нашиот клуб пред 20.000 љубители на фудбалот во Скопје на Градскиот стадион, го совлада тимот на Динамо Загреб со 2:0. Стрелци на головите беа Џипунов и Горачинов во 40 и во 77. минута. Вардар презими на првото место со 20 бодови, односно еден повеќе од тогаш второпласираниот Партизан. Тимот беше под водство на Андон Дончевски, а потоа тимот ќе ја освои првата и единствена титула во шампионатот на СФРЈ.

*14 декември 1874 година во Пирдоп, тогаш во Отоманската империја,роден е Никола Пушкаров .. Предавал во Скопската егзархиска гимназија, каде што станал член на Организацијата. Во 1902 година добил задача од Гоце Делчев да го зајакне Скопскиот револуционерен округ. Никола Пушкаров бил избран и за претседател на Скопскиот револуционерен комитет. При избувнувањето на Илинденското востание бил началник на востаничките сили во VI востанички округ – Овчеполски. На 22 јули четата се сместила во манастирот Св. Јован над селото Ветерско, недалеку од реката Пчиња. Од манастирот четата заминала за         селото Новачани. На 1 август во 11 часот бил извршен атенатат на железничката линија Скопје – Солун.Пушкаров бил уредник на организацискиот весник „Слобода или смрт“. По востанието, Пушкаров се вратил во Бугарија и се посветил на научна работа. Се оженил за Славка Чакарова од Струга. Починал на 18 февруари 1943 година

* 14 декември 1943 во Струмица роден е Мите Грозданов,македонска актерска легенда.Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград во 1967 година, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.Добитник на голем број награди за драмски остварувања. Почина во 2018 година.

*14 декември 1962г.роден е еден од најуспешните боксери во неговата категорија Реџеп Реџеповски,учесник на многу балкански ,европски,и светски првенства .Од  127 меѓународни натпревари победи на 116 натпревари.Освоил 10 златни,3 сребрени и 41 бронзани медаљи.

*14 декември 1964. – Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ Весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје.

-14 декември 1983. – Во Скопје умре Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. За сите генерации слушатели на Радио Скопје или гледачите на Телевизија Скопје, Антонов беше и ќе остане еден од ненадминатите спикери. Неговата спикерска дејност започнува од 1947 година. За својата работа и за извонредното залагање е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец. Роден е во село Хума, Гевгелиско, на 1 мај 1924 година.

*14 декември 1994 Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ.

*14 декември 1995 Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија.

*14 декември 2013.- На 73-годишна возраст  почина Мирко Павловски истакнат долгогодишен уметник-виолончелист на Македонската филхармонија.  Целиот работен век го помина во Македонската филхармонија, а беше и долгогодишен соработник на оркестарот на Македонската опера и балет. Павловски работеше со оркестрите што оставија аудио и видео записи во архивата на Македонската радио и телевизија од областа на сериозната музика, симфониски и камерни партитури и други музички форми. Учествуваше и во оркестри кои снимаа забавна и филмска музика со  која што домашните изведувачи учествуваа на големите фестивали во регионот и пошироко.

*14 декември 2017 Скопје беше прогласен за град со  најзагаден воздух  во светот. Во текот на ноќта и утрото нивото на загаденост беше и до 11 пати над дозволеното. На  мерната станица кај Ректорат беа измерени 569 микрограм на  метар кубен, во Лисиче 484, во Карпош 427, а во Центар 426. Ова е 9 до 11 пати над дозволеното, кое изнесува само 50 микрограми на метар кубен. Скопје стана далеку позагаден град од Калкута, Њу Делхи и другите градови од Индија и Кина Пакистан,Бангладеш и други, кои досега го држеа светскиот рекорд во загаденост на воздухот.

Претходниот артикал,Учителката Маре со своето одделение ,на денот на шегата
Следната статијаСвадба на Живко и Славица

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука