НА ДЕНЕШЕН ДЕН 2 ФЕВРУАРИ

0
143

  

-2 февруари е  Светски ден за заштита на водните живеалишта.

– 2 февруари 1944 година започна Февруарскиот поход,походот го изведоа единиците од НОВ (Првата, Втората македонска бригада и групата баталјони) кои презедоа маневарски продор кон Централна и Источна Македонија. Втората македонска бригада во која поголемиот дел од борците се од Тиквешко дејствувала помеѓу Тиквеш и Гевгелиско, преземајќи офанзивни дејства према Кавадарци и Демир Капија. Походот трае до 25 февруари 1944 година, при зимски услови, висок снег и многу ниски температури а притоа водејќи жестоки борби со фашистичките сили.

– 2 февруари  1902 година роден е прочуениот унгарски фудбалер и стратег легендарниот, единствениот и неповторливиот Илеш Шпиц, чие големо срце од преголема возбуда престана да бие токму во вардаровата соблекувална во месец октомври 1961г.по победата на Вардар над ОФК Београд .Инаку животната судбина во 1939 г. го води токму во Скопје, каде останува се до крајот на Втората Светска Војна предводејќи ги екипите на Ф.К Граѓански и Ф.К Македонија (двата клуба кои се историски и формално правни претходници на денешниот Ф.К Вардар).

-2февруари 1934г.родена е Славка Манева — македонска писателка.

-2 февруари 1938г. починал Глигор Стефанов Попев — македонски револуционер.

2 февруари 1986.- Во Кнежеството Лихтејнштајн жените за првпат гласаа на парламентарните избори.

2 февруари 1983.- Во Охрид умре д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија. Заедно со својот сопруг д-р Влдимир Каваев влезе во енциклопедиите на медицинските науки. Родена е во Честахов, Полска, на 20 ноември 1903 година.

2 февруари 1994.- Република Чешка ја призна Република Македонија.

2 февруари 1996.- Во Скопје е потпишан меморандум за отворање Британски информативен центар.

Претходниот артикал,Гоце Ѓорѓиевски-поранешен фудбалер
Следната статијаЛетка,Боре и Славица-1970

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука