НА ДЕНЕШЕН ДЕН 2 МАРТ

0
236

-2 до 9 март 1957г. во училиштето во Илинден поради голем број заболени од грип наставата не се одржуваше,беше прекината една недела.Насловната фотографија од стариот дом каде се одвиваше тогаш наставата   .

2 март 1923 година, српските окупатори влегле во селото Гарван и извршиле масовен масакр,по името на селото наречен (Гарвански Масакар). Тоа било проследено со насилно влегување по домовите, силувања и, на крај, на сретсело без судење биле застрелани 28 селани, меѓу кои и три деца од 13 и 18 години. За настанот имало реакции не само од домашната, туку и од европската „демократска“ јавност.(Неможејќи да ја поднесе глетката на мртвите тела, починала уште една старица. Таа е 29-та жртва. Наводи,ДАРМ, Фонд МНК, сигн. 14.

-2 март 1942.-  година Близу до Плетвар, загинал Борка Талески – Црниот — народен херој на Македонија. Талески заедно со Лазо Лавски оперирале според плановите на организацијата. На патот Прилеп-Кавадарци тие биле заглавени кон правецот за врвот од Козјак, каде имало густа магла. Во меѓувреме наслушнале дека кон нив наидуваат камиони. Првично тие верувале дека се германски камиони. Сепак, поради предавство на тогашниот кмет на селото Царевиќ, Талески и Лавски биле опколени од бугарските сили и биле свирепо разрешетени. Талески починал во блзиина на селото Плетвар на 2 март 1942 година. Според полицискиот билтен од 20 март 1942 година, предавството го извршил тогашниот кмет од селото Царевиќ.

* 2 март 1942, Убиен е ЛАЗО ФИЛИПОВ – ЛАВСКИ движејќи се од Кавадарци кон Прилеп, кај Плетвар, во заседа организирана од бугарските фашисти, обидувајќи се да го пробие бугарскиот обрач, заедно со Борка Талески загинува и ЛАЗО ФИЛИПОВ – ЛАВСКИ. Сиромаштијата го принудила Лазо краток период да живее и во Белград, каде во 1937 и 1938 год. работел како надничар. Во тоа време таму студирале многу Македонци. Лазо се запознава со прилепската група, и станува посебно близок со Кузман Јосифовски – Питу, кој бил еден од студентите таму.По враќањето во Македонија, Лазо учествува во многу протести и демонстрации, меѓу кои и во познатите „Илинденски демонстрации“ во 1940-та, кои биле против српската асимилациона политика во Македонија.Еден од водачите на „Илинденските демонстрации“ бил Методија Андонов Ченто, кој барал во училиштата во Македонија децата да учат на мајчин македонски јазик, наместо на српски.Во затвор е држен 15 дена и цело време е тепан од српските окупатори, но не признал ништо и не предал никого. Заради својата храброст го добива прекарот Лавски, кој подоцна ќе му стане и партизанско име.Во 1941 започнала бугарската окупација на Македонија, а Лавски веднаш се вклучил во македонскиот отпор против бугарските фашисти.На 12 септември 1941, Лавски е еден од седуммината прилепски партизани кои ја формираат Првата партизанска чета во областа Бидимаш на Селечка планина.На 2 Март 1942, движејќи се од Кавадарци кон Прилеп, Борка Талески и Лазо Филипов – Лавски паѓаат во бугарска заседа кај Плетвар. Започнуваат престрелка со Бугарите и тргнуваат да се пробијат низ обрачот, но во нерамна борба и двајцата се убиени.Лавски на 24 години ја даде својата младост за слободата на Македонија.

2 март 1980.- Во Скопје е формиран Факултетот за ликовни уметности.

2 март 1993.- Во Скопје, во касарната “Гоце Делчев” се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.

– 2 март 1996.- Во Скопје умрел проф. Анатоли Дамјановски, истакнат македонски педагог и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден бил на 10 април 1928 година.

 2 Март 2022 година за првпат во Илинден  во Домот на култура „Марино“ беше  отворена  канцеларија на хуманитарната организација Црвен крст. Со отворањето на оваа канцеларија се овозможува хуманитарните услуги кои ги нуди Црвениот крст да бидат подостапни за нашите граѓани.

Претходниот артикал,Чист Понеделник- Велигденски пости
Следната статијаНеколку факти за бебињата родени во март

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука