-20 април 2008 година пуштена во употреба е новата спортска сала.

0
69

-20 април 2008 година пуштена во употреба е новата спортска сала ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ во Илинден. 

-20 април 1867 во Светинколското село Ерџелија,роден е Андон Стојанов , познат како Доне Тошев или Дончо Штипјанчето бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на Македонската револуционерна организација. По создавањето на Штипскиот револуционерен комитет од страна на Дамјан Груев во учебната 1894/1895 година, Даме успеал да го придобие и Дончо на страната на Македонската револуционерна организација.  Од крајот на 1895 година Дончо покрај оружје, револуционерна литерaтура и коресподенција започнал да пренесува за комитетите и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболеjaрницата на Наум Туфекчиев во Софија.. Во април 1896 година Дончо бил фатен од страна на турcките власти на влезот во Битола при пренесување на бомби, револвери и муниција. Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. .

20 април 1939 година во Пловдив починал македонскиот револуционер и војвода Петар Ацев. Роден е во селото Ореовец, Прилепско.  Заедно со браќата Мирче и Георги се вклучува во револуционерната дејност на ВМОРО. Во 1901 година негов четник е Крсто Гермов, подоцна познат како Шаќир војвода. На почетокот на 1902 година станува нелегален, а од мај бил околиски војвода за Прилепско. Петар Ацев е претставник на Прилепскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес, тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. Како главна причина за таквиот став биле недоволната подготвеност и немањето на оружје во регионот.  Во 1907 година учествувал во битката на Ножот. Учествувал како доброволец во Балканските војни, а потоа и во Првата светска војна. Петар Ацев учествувал во Привременото претставништво на поранешната ВМРО, а подоцна е член на Илинденската организација. Ранет е во текот на Горноџумајските случувања во септември 1924 година.

-20 април 1941 година – Велигден радиостаницата во Маџари започнува за првпат емитување на радиопрограма од студио во Скопје. Програмата е започнувала така: „Внимание! Тук Радио Скопие! Христос Воскресе! Програмата е на бугарски јазик и се изготвува од екипа од околу 20 луѓе, бугари од Македонија и емитува на бранова должина од 704 kHz со моќност од 20 kW. Во следните години, бугарското „Радио Скопие” емитува многу и различни програми – актуелните настани, емисии ја за историјата, литературата, фолклорот и културата, за селското стопанство, детски радиочас и многу автентична народна музика. Оваа радостаница работи до август 1944 г.

-20 април 1948г. во близина на селото Богацко ,Костурско ,Егејска Македонија ,во борба против грчките монархофашисти загина Јани Лукаров,истакнат борец во македонското национално двиќење .Роден е во с.Вмбел,костурско во 1922г.

-20 април 1972г. Америкнското вселенско летало „Аполо 16 “се спушти на месечината .

-20 април 1982г. во Скопје почина Ацо Шопов ,истакнат македонски писател и академик.Роден е во Штип на 20 декември 1923г.

-20 април 1991 г. на 11 конгрес на СКМ –Партија за демократска преобраба е формиран СДСМ.

-20 април 1993г .Владата на Р Македонија донела одлука со која 7 мај бил прогласен за ден на Македонската полиција .Повод за прогласување на овој ден кога на смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.

-20 Април 1995 година за прв пат е направена Интернет комуникација помегу Македонија и САД ,преку  групацијата Ултра-Унет ДОО Скопје.

 20 април 2008 починал  Kсенте Богоев ,роден е во Леуново, Гостиварско бил македонски економист, академик и универзитетски професор.Дипломирал и докторирал на Економскиот факултет во Белград. Бил професор и декан на Економскиот факултет во Скопје (1960-1963), ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1965-1967), претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1968-1974), член на Претседателството на СРМ (1974-1977) и гувернер на Народната банка на Југославија (1977-1981). Член е на МАНУ од 1974, а во периодот 1992-1999 е и негов претседател.

Ксенте Богоев е автор на 250 научни и стручни трудови. Основоположник е на научните дисциплини од областа на фискалната и на монетарната теорија и политика. Добитник е на повеќе признанија и награди. 20 октомври1919 – Скопје

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-19-АПРИЛ
Следната статијаСТОЈЧЕ ТРГАЧЕВСКИ-КАДИНО

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука