НА ДЕНЕШЕН ДЕН-19-АПРИЛ

0
176

-19 април 1951 во Скопје роден  е еден од најпознатите македонски актери, Ванчо Иван Петрушевски.Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично.Дали сте се запрашале дали Ванчо му е единственото и вистинско име на овој врвен македонски актер. На фејсбук тој е потпишан како Иван Петрушевски, а и на картите од Драмски за претстава во која игра тој го пишува како.Како и да е, нека му е среќен роденденот и да си слави уште многу актери овој голем македонски актер, Петрушевски.

-19 април 885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф – Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители. Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги, издигнувајќи еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станаа најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура. Методија е роден околу 825 година

– 19 април 1933 год.во с.Драмче Делчевско загинал Димитар Паликрушев од Виница ,тој најпрво бил член на четата на Тодор Акександров ,а потоа формирал своја чета.Истиот ден  заедно со него загинале и други комити од Виничко Дончо Христов, Стојан Георгиеви , Васил Николов и Јангел Симеонов . Тие ја а сочинувале  Селската чета во Царево .Сите 5 души загинале при нападот на џандармериската станица у Драмче.

-19 април 1993.- Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија.

Претходниот артикал,ЗОШТО СЕ КРШИМЕ СО ВАПЦАНИ ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН?
Следната статија-20 април 2008 година пуштена во употреба е новата спортска сала.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука