НА ДЕНЕШЕН ДЕН-20 МАЈ

0
127

20 Maj,Светски ден на пчелите,пчелите најдобрите запрашувачи – поленатори, дозволуваат репродукција на многу растенија и култури. Тие, не само што директно придонесуваат за безбедноста на храната, туку се клучни и за зачувување на биолошката разновидност, камен-темелник на целите за одржлив развој.

Тие, исто така, служат како стражари за евентуалните еколошки ризици, сигнализирајќи го здравјето на локалните екосистеми.

 -20 мај 1876 ,ден на подигнувањето на Разловечко востание — востание на македонскиот народ против Османлиската империја, од 1876 година во Источна Македонија, со центар во селото Разловци.


Вo втората половина на XIX век, Османлиската империја западнала во тешка општествено-економска криза. Таквата состојба непосредно влијаела за влошување на положбата на сите народи на Балканот што останале во нејзин состав. Даноците биле зголемени и биле воведени нови, се засилиле злоупотребите на државните органи, се појавиле разбојнички банди кои вршеле грабежи и убиства.Главни иницијатори и организатори на востанието биле Димитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907 г.) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.

 -20 мај 1875.- ВО Охрид е роден Методија Патчев, македонски војвода, еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ. Делото на ТМРО му беше над се, а со своите постапки секогаш беше праведен и бескомпромисен. Во Кадино Село, Прилепско, во борбата против турската војска се самоуби заедно со сите борци на својата чета, на 7 април 1902 година.

20 мај 1911 г. во близина на село Света, Крушево, загинува во херојска битка со турците, крушевскиот војвода на ВМОРО – Георги Христов Ралев, наречен Кршниот.
Учесник е во славното Илинденско востание во 1903 година.
Роден е во 1875 година. во крушевското село Света. Се приклучува во редовите на ВМОРО и од 1902 година е во четата на Велко Марков. За време на Илинденско востание е војвода на четата од родното село во одредот на Иван Наумов – Алабакот.
По востанието бил четник при Ѓурчин Наумов, а после тоа станува помошник на крушевскиот реонски војвода Блаже Крстев – Биринчето. Загинува во 1911год. во месноста Водениците меѓу селата Бучин и Света.

-20 мај 1912г.Во Ново Село –Штип роден Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г.МИХАИЛ(Меоди Гогов) – архиепископ, четврти по ред поглавар после возобновувањето на Македонска православна црква (1993 – 1999). Дедо Михаил бил свештеник и вероучител, даровит црковен оратор и мудрец, кој ќе остане запаметен по прекрасните беседи. Беше архипастир со евангелско смирение, со апостолска доследност и со Светиклиментов самопрегор. Тој работеше со ист прегор за градење на единството и угледот на МПЦ како дома така и во светот, а беше меѓу првите мисионери во Австралија. Почина во Скопје на 6. јули 1999г..

-20 мај 1836г.,е ден на пожарникарството во Република Македонија. На овој датум во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред

– 20 мај 1947г. Грчка жандармериска и воена единица го нападна селото ПАТЕЛЕ ,Леринско,при што уапсиле 17 Македонци обвинети за соработка со НОФ и со партизаните .Четворица од нив осудени биле на смрт ,аостанатитете биле интернирани на островот ЃУРА.

-20 мај 1981г. , почина Г.Г.ДОСИТЕЈ  прв поглавар на возобновената Охридска архиепископија – Македонска православна црква. Целиот свој живот го посветува на службата на Црквата. Активно се вклучил во решавањето на македонското црковно прашање и прифатил да биде кандидат за прв митрополит македонски – владика Македонец. На Црковно-народниот собор во Охрид, кога се возобновува Охридската архиепископија како Македонска православна црква, бил избран за прв поглавар, востоличен во архиерејскиот трон на св. Климент (4-5. X 1958) со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв митрополит Македонски. 

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -19 МАЈ.
Следната статијаВерувања за моќта на Ракијата

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука