НА ДЕНЕШЕН ДЕН 20 Ноември

0
99

* 20  ноември на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на детето, кој има за цел да го сврти вниманието на широката јавност  за сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои се соочуваат децата.

* 20 ноември 1979 година,на потегот од Маџари до Петровец се случи излевање на Вардар и поплава на сите села од овој дел на скопска блатија.

Во Илинден беа поплавени околу 200 куќи и помошни објекти ,а 20 се урнаа.За време на поплавата беа евакуирани околу 300 наши соселани во Ајватовци ,Арачиново и други села.

* 20 ноември 1873.- Се соединија соперничките градови Будим, на десниот брег на реката Дунав и Пешта, на левиот, па така е создаден единствениот град Будимпешта, денес главен град на Република Унгарија и еден од најубавите градови во средна Европа.

 * 20 ноември 1903 година на железничката станица во Скопје пристигнале два вагони храна, испратена од Швајцарија како помош на настраданото население во Илинденското востание.

* 20 ноември 1906.- Во Велес е роден Живко Фирфов, македонски етномузиколог, композитор, музиколог, диригент и музички деец. Музичка школа заврши во Белград во 1931 година. Во 1939 година ја објави својата прва етномузиколошка студија во списанието “Музика”, за интерпретација на македонската народна песна и за мелогравската постапка при нејзиното собирање. Особено беше ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “Танец”. Умре во Скопје на 21 јули 1984 година.

*20 ноември 1916.- Во Дебар е роден Васил Куноски, македонски писател. Неговото поетско дело за деца е мошне обемно. Првата негова објавена книга (во 1950 г.) е поемата „Волшебното ливче“, а последната е публикувана во 1984 година со наслов „Оро весело“ (поезија за предучилишна возраст). Умре во Скопје, на 13 јуни 1993 година.

* 20 ноември 1926 г. во Скопје форниран е државниот архив.

* 20 ноември 1970г. излезе од печат првиот број на „Екран“,како прилог неделник во весникот „Нова Македонија“.

* 20 ноември 1993г. пред аеродромот во Охрид се урна авионот од типот „јак -42“во несреќата загинаа 116 патници.

* 20 ноември 1995.- Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул.

20 ноември 1998.- Во Москва умре Ристо Бајалски, македонски новинар, новинар во весниците „Нова Македонија“, во „Борба“, во „Политика“ и во други весници. Тој е основач и уредник на спортскиот весник „Спортист“ (1955-1958 година) што го издаваше НИП „Нова Македонија“. Роден е во селото Стојаково, Гевгелиско, на 7 април 1926 година.

20 ноември 2001 ,умре Борко Тмелковски –Лилјакот ,народен херој на Македонија и Југославија.

20. ноември 2001. – Тетово официјално станува универзитетски град. Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа (SEE University), под покровителство на комесарот на ОБСЕ – Макс Ван Дер Штул.

Претходниот артикал,ЉУБОВНА ВРСКА АТАТУРК-ЕЛЕНИ
Следната статијаПрослава за влегување во 2 лига

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука