НА ДЕНЕШЕН ДЕН 23 ЈАНУАРИ

0
939

-23 јануари 2019 година ,двајцата македонски ракометни репрезентативци,наши сограѓани,Гоце Георгиевски и Жарко Пешевски по настапот на Мундијалот во Германија и Данска се вратија дома, а во  Илинден, нивното родно место, беа пречекани од сограѓаните.

Пречекот беше организиран по иницијатива на фудбалскиот клуб од Илинден, раководството и спонзорите.Пречекот на  двајцата ракометари беше беше пред  Гостилница „ДОМА“. Таму тие беа поздравени од многу сограѓани, а најмногу им се радуваа најмладите.

23 јануари 1862.- Во Цариград умре Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. Беше собирач на народни умотворби и основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водеше организирана борба против денационализаторството (хеленизацијата) практиката на грчката влада на македонските подрачја. Роден е во Струга, во 1810 година.

23 јануари 1901.- Во Солун турската полиција ги уапси Александар Ников, секретар на ЦК на ТМРО и Милан Михаилов, службеник во ЦК на ТМРО. Тоа беше и почеток на една од најкрупните и најбучните провали, која имаше тешки последици за ТМРО.

23 јануари 1969.- Роден е Никола Ристановски,  македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Ристановски е роден во чешкиот град Острава, а кога имал 7 години, со семејството се преселил во Тетово. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје станал дел на Македонскиот народен театар во 1994 година. Во текот на својата кариера играл во над 40 претстави и во 15 филмови при што освоил 28 меѓународни и македонски награди, со што тој е најнаградуваниот македонски актер.

23 јануари 1991.- Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје. За претседател е избран Милан Талевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

23 јануари 1995.- Умре Вања Хаџиев, повеќегодишен соработник на весникот “Нова Македонија” и на речиси сите други изданија на НИП “Нова Македонија”.

23 јануари 1997.- Во Москва умре Владимир Соколов, руски поет, учесник на Струшките вечери на поезијата. На руски јазик ја препеа песната „Т`га за југ“ од македонскиот поет Константин Миладинов. Роден е во Лихославл, на 18 април 1928 година.

23 јануари 2000.- Во Скопје умре Александар Христовски, македонски писател. Негови познати дела се „Коњи под месечина“, „Кореја“ и „Којче од Коњари“. Роден е во селото Лазарополе, на 24 мај 1933 година.

23 јануари 2000.- Во Скопје умре Владимир Шопов, македонски поет и публицист. Автор е на неколку книги поезија за деца, меѓу кои „Луцидна интервала“, „Креда“ и други. Роден е во Белград, на 16 декември 1948 година.

23 јануари 2000.- Во Битола умре Ранко Струмениковски, македонски академски сликар, еден од најугледните македонски мајстори на ликовната графика, цртежот и дизајнот. Роден во 1936 година.

23 јануари 2005.- Македонија и Тајланд воспоставија дипломатски односи.

-23 јануари 2008, на Тоше Проески во Спомен куќата на Мајка Тереза, беше откриена бронзена биста со неговиот лик. Отворена беше и изложба со 27 фотографии од хуманитарните акции на Тоше. Бронзената статуа е дело на вајарот Митко Тошев од Струмица, кој на 25 јануари ја подари на родителите на Тоше. Тука во дворот на кулата се наоѓа и спомен плоча ма Тоше.

Претходниот артикал,Село со најмногу музеи во Македонија
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 24 ЈАНУАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука