*26 јуни е Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура
*26 јуни е Светски ден на борба против дрогата.
*26 јуни 2014 Отпочна асфалтирање на локалниот пат Дељадровци –Манастирски комплекс Св. Ѓорѓија..Истиот го поврзува населеното место Дељадровци со Манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓија.

*26 јуни 1945 година ,загина Чеде Филиповски -Даме. Иако живееше само 22 години, народниот херој Чеде Филипоски – Даме, имаше бурен животен пат и при тоа имаше успешна и богата воена и политичка кариера. Од ѕидарски работник, стана командант на дивизија, а од член на партиска ќелија во 1941 година во с. Ниќифорово,стана член на АСНОМ – највисокото преставничко тело во Македонија. Во четири годишната борба против окупаторот и домашните предавници, Чеде беше исклучителен и бестрашлив борец , а токму тоа, додека беше жив сосема заслужено обезбеди место во клубот на македонските легенди. И по 65 години од неговото загинување, во колективната меморија на македонскиот народ се паметат неговите подвизи, неговите соборци со пиетитет зборуваат за неговата храброст, за неговата неустрашливост, за борец со големо срце…Загинувањето на Даме се уште не е разјаснето.Дали беше сообраќајна несреќа или пак ликвидација на херојот!?За заслугите во Народноослбодителната војна на Македонија од 1941 година, Чеде уште за време на својот живот, со одлука на Претседателот на АВНОЈ, на 6 декември 1944 година беше одликуван со Орден на партизанска ѕвезда со сребрен венец од втор ред.На 1 август 1949 година потсхумно беше прогласен за народен херој на Југославија. Носител беше на “Партизанска споменица 1941”, на “Партизанска ѕвезда” и на други одликувања.

*26 јуни 1941година. Во околината на Разлог, Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на Бугарија. Пиринска Македонија како дел од Царството Бугарија, најрано ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на Македонија. На територијата на Пиринска Македонија уште во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под водството на Парапунов, а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската војска и воопшто првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот.

* 26 јуни 1961 г. Во Скопје Почина Илија Димовски, познат со прекарот „Гоче“ е роден во селото Статица, Костурско во 1908 година. Македонски национален деец од Егејскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците под Грција, учесник во ВМРО (об.) поради што е прогонуван и интерниран. Командант е на партизански одред и комесар на Леринско-костурскиот македонски баталјон во составот на ЕЛАС. Командант е и на Првата егејска ударна бригада и командант на баталјон на ДАГ. Носител е на партизанска споменица од 1941 година.

*26 јуни 1992.- Во Скопје, е формирана Македонската фармацевстка комора, со цел да ја организира и унапредува фармацијата како неделив елемент на здравството.









































