НА ДЕНЕШЕН ДЕН-21 СЕПТЕМВРИ

0
126

* 21 септември е ден кога се родила мајката божја

* 21 септември е Светски ден на мирот

* 21 септември 1901.- – Во Велес, во Џајково Маало, во борба против турската полиција, откако снема ммуниција, се самоуби Миле Поп Јорданов (брат на Орце Поп Јорданов, организатор на кружокот од Солунските атентатори) македонски револуционер.
– Миле загинал во борба, долго време неговото тело било изложена на улица и никој не смеел да го земе.

МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ

Миле е загинат во заседа кога со кочанскиот војвода Караџов се повлекувале преку Вардар и држел отстапка кога е убиен. Миле е постариот брат загинува на 24 години во 1902-тата а Орце една година потоа загинува на 22 години возраст. Двајцата се верени за Македонија.

 * 21 септември 1903 година починал  Тодор Христов – офицерчето ,роден во Велес во 1878 годинаНа смилевскиот конгрес бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание.Бил раководител на леарниците за бомби во битолскии Крушевско.За време на Илинденското востание ,при напад на Крушево командувал со седмиот востанички одред од селата Селце,Обршани и Вранче.По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фотификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработка на црешовото топче.На крајот на востанието на 21 септември 1903 година заедно со 18 четници води борба во планината Bиљач, Скопско-Прешевската околина во која Тодор Христов и 11 четници загинуваат.

* 21 септември 1903,починал  Трпен Марков — македонски револуционер.
* 21 септември 1908 ,починал Атанас Бадев — македонски композитор.

* 21 септември 1927.- Во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умре во Скопје, на 7 октомври 1985 година.

* 21 септември 1948г.  роден е Кирил Кангов — македонски поет.

*21 Септември 1994 – Во Скопје почна да работи Телевизија Сител.

Претходниот артикал,ДЕНЕС ЦРКОВНО НАРОДЕН СОБИР ВО ДЕЉАДРОВЦИ
Следната статијаСлавица,Свето и Силвана, КУД Илинден -1977г.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука