Една баба чекала за наплата во супермаркет, зад неа е една помлада жена со палав син на 9 или 10 години. Детето постојано ја притиска количката на мајка му која многу пати ја удира бабата по нозете. Бабата се врти кон малиот и го замолува да престане да ја удира. Бидејќи малиот продолжил да удира, баба се свртила кон мајка му и вели: ′′ Не можеш ли да му кажеш на син ти да не ме удира?” Младата дама, без возбуда – ладно и одговорила: ′′ Не! Мојот метод на воспитување му овозможува на детето да прави што сака, додека неговата свест не свати дека она што им го прави на другите не е правилно. Научно е докажано дека овој метод е многу ефикасен!”
Но позади дамата со дете стои еден дечко од околу 20 години што го слуша сето тоа внимателно и држи тегла џем во раката. Кога дамата го заврши своето објаснување за методот на воспитување, тој го отвора капакот од теглата и смирено ја тресе целата тегла џем на главата на младата дама. Таа налутена , надвор од себе, се врти кон младичот, а тој ладнокрвно одговара:
′′ Знаете, госпоѓо, јас сум израснат слободно, исто како вашиот син. И, еве го резултатот!”
Старата дама весело се врти кон благајната и вели: ′′ Те молам стави ја оваа тегла со џем на моја сметка!” Авторот е непознат