НА ДЕНЕШЕН ДЕН-22 АПРИЛ

0
358
ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕНЕС -2020Година

– 22 април 2008 година беше поставен камен темелникот на првата општинска детска градинка, која со работа почна следната година со згрижување на 64 деца на површина од околу 450 квадратни метри. Благодарејќи на динамичниот развој на Општината, како и зголемениот прираст на населението се јави потреба од зголемување на  капацитетот на градинката. По само 3 години постоење, во 2012 година дојде до првото проширување, по што градинката можеше да згрижува 230 дечиња. Денес, со изградбата на новиот дел во 2016 година се овозможија услови градинката „Гоце Делчев“ на вкупна површина од 1.700 метри квадратни да  згрижува 430 деца.

-22 април 1915.-Во 1915 година. кај месноста „Блатата“, Пирин Планина, Мелничко, убиен е Јане САНДАНСКИ – „Пиринскиот цар“. Јане беше припадник на македонското револуционерно движење, војвода и раководител на МРО во Серско, Егејски и Пирински дел на Македонија. Роден бил во село Влахи, Мелничко, Пирински дел на Македонија, на 18 мај 1872 г. Во 1899 год. се запознал со Гоце Делчев и со Ѓорче Петров и преминал во ТМОРО. Во 1901 год. од Делчев бил испратен за војвода во пограничните региони на Серскиот округ за заштита на организационата територија од навлегување на врховистите, а подоцна и заштита од андртските чети. Бил главен организатор на пленувањето на мис Елен Стон. Се противел на решенијата на Солунскиот конгрес во 1903 г. за востание. По започнувањето на востанието го подготвил и го извел Крстовденското востание во Серскиот револуционерен округ. Учествувал на Рилскиот конгрес во 1905 г. По негово застапување била донесена осуда и извршена ликвидацијата над Иван Гарванов и на Борис Сарафов во 1907 г. Соработувал со младотурците во 1908 г. Учествувал во Младотурскиот поход на Цариград при детронирањето на султанот Абдул Хамид II во 1909 г.

Еден негов современик, скоро по неговата смрт, забележал дека Сандански е човекот „кој нанесе најголемо зло што би можел да го стори човек во Бугарија“ бидејќи „ги спречуваше славофонските жители на Македонија да се сметаат себе си за Бугари, култивирајќи ја македонската национална свест.“ Бил убиен од заседа од своите идејни противници, односно од врховистите на Тодор Александров на Пирин Планина. Неговото дело го продолжиле неговите следбеници кои биле наречени санданисти.

-22 април 1776.- Во селото Тресонче, дебарско е родена Сирма Војвода, ќерка на Анѓа и зографот Петре Врлески, предводничка на ајдуци, војвода на дружина. Таа е опеана во народните песни. Сирма била единка на Петре и Анѓа. Поради тоа, таа помагала на нејзините родители, особено по снемогнувањето на нејзиниот дедо. Интересот за борба против тиранија и разбојништво кај Сирма се појавила првично поради приказните кои ги слушала за разбојништвата во крајот како и поради фактот што селото еден ден било опколено од разбојници. При тој настан, семејството се засилнило во блиската пештера Алилица во месноста Голем Дол на планината Шкрка. Семејеството се вратило во селото по два дена кога затекнале запалени куќи и опустошеност. Сето тоа само ја зголемило нетрпеливоста на Сирма кон качачките банди. Во тие мигови кај неа изгледа дека се појавила намислата како да се одмазди за неправдите, со што наполно и се изменил животот. Сирма одлучила да стане војвода на многу млади години. Шансата за одмазда за опустошувањата ги видела во собирот на локалните македонски ајдуџи за време на Ѓурѓовден во 1791 година. Таа заминала на средбата облечена во машка носија и била најмладиот член со своите 18 години.Сирма била на чело на дружината од 1791 до 1813 година. Се вели дека ајдуците дознале дека е женско дури откако дружината се растурила, а Сирма се омажила за Вело Шпиров, бајрактарот.Умрела во Прилеп, во 1858 година..

-22 април 1838.- Британскиот брод „Сириус“ прв го помина Атланскиот Океан користејќи парен погон. Патувањето од британското пристаниште Корк до американското пристаниште Њујорк траеше 18 денови и 10 часа.

-22 април 1920.- Поштарите во Македонија стапија во штрајк.

– 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9 септември 1944. 

– 22 април 1942 година во близина на селото Лавци, Битолско, бил формиран Битолскиот народноослободителен партизански одред „ ПЕЛИСТЕР “. Броел 19 борци. Откако бил лоциран од бугарската војска и полиција, на 3 мај 1942 година над село Ореово, Битолско бил опкружен и разбиен. Притоа загинале народниот херој Елпида Караманди, која всушност, била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени биле Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои биле одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна биле обесени. Останатите партизани од Одредот успеале да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола.

-22 АПРИЛ Во 1945 г. кај Славонска Пожега, Хрватска загина Јонче ЃОРЃИЕВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Дихово, Битолско, во 1928 г. Како пионер бил активен во помагањето на антиокупаторското и антифашистичко движење во Битолско.

-22 април 2007. – Починал Томе Арсовски, македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел над 30 години како драматург во Македонската радиотелевизија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, каде членувал од 1959 година. Носител бил на најзначајни македонски книжевни и општествени награди, меѓу кои и „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“. Книжевни дела: „Парадоксот на Диоген“, „Александра“, „Чекор до есента“, „Парадоксални раскази“, „Убавината чекори сама“, „Скок преку кожа“, „Кристална планета“, „Забите на ветрот“ и други.

АНГЕЛИНА МАРКУС

22 Април 2022 почина  Ангелина Маркус,родена 1932 год во Тополчани, Прилепско

Има напишано многу дела за Македонската вистинска историја, како на пример „Персеј“, „Македонските Древни Ковани Пари“, „Ксантика“, „Приказни за Македон и Македонците“, „Македонските Древни Театри“, „Македонска Древна Медицина“, „Лидија од Филипи Првокрстената Македонка“, „Антигона Неготино“, „Македонијо Љубов Моја Неизмерна“…„Замислете што ќе крадеа, што ќе делеа, што ќе присвојуваа европските држави ако Македонија во наследство немаше толку наука и култура за присвојување.. Влијанието што Македонците го извршиле во светски рамки се гледа во сите сегменти. Македонците постојат и ќе постојат и ќе вршат влијание од прапочетокот до денешно време врз сите народи и култури. И во иднина на сите континенти, Македонците ќе предничат во науката, уметноста, хуманоста и останатите области како раритетен народ со најстари корени“

Напишала Ангелина Маркус во нејзината книга МАКЕДОНСКИ РАРИТЕТИ И РАРИТЕТНИ МАКЕДОНЦИ

Претходниот артикал,Училиште за кучиња
Следната статијаСВЕТЛА СРЕДА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука