* 10 јуни 2001г., кај кумановското село Оризаре загинува капетанот во АРМ СИНИША СТОИЛОВ († 36) од 120мм граната испукана од страна на припадниците на ОНА.
* 10 јуни 2014 година во Домот на култура Илинден се одржа промоција
на прва отпечатена книга(300 примероци) исклучиво и целосно посветена на Населба ИЛИНДЕН(поранешно с. Белимбегово)во минатото и денес.
Автори на овој труд се:
Проф. Др. Ѓорги Малковски и Драги Ангеловски .
Рецензенти:Проф.Др.Кирил Цацков и Проф.Др.Михајло Миноски.
Лектори : Маргарита С. Костовска-Блажевска и Магдалена Попоска (двете од Илинден)
Издавач,ЗГ „Светски релации“-Скопје.Трошковите за печатење на книгата ги финансираа: Велиновски Мичо,„Фреш-Фарм“,Кимовски Трајан,„Ким-Ком“ ,Саше и Зоран, Салонот за автомобили „СА-ТРА“, Тони Савески „Ива Копјутерс“,Боби и Марјан Христовски- Маркет „М И Б“, ,Тоше,Јовица и Зоран Атанасовски,„Компанија Атанасовски“,Трајче Илиевски,Гостилница „Дома“, ,Игор Арсовски-„Ники Инвест“,Драган Коцевски-„Нетам“,Жарко Попоски,Маркет „Свети Јован“, Трајче Георгиевски, Славе Георгиевски,Славе Радевски, Киро Бошковски и Љупчо Бошковски-жители на населба Илинден.
*10 јуни 323 година починал Александар Македонски најславниот македонски син, војсководец и цар . Во ноќта на 10 спроти 11 јуни 323 година пред Христос, во 33 година од својот живот, во Вавилон почина македонскиот цар Александар, син на Филип II и Олимпија, ученик на Аристотел. Тој го освои нејголемиот дел од тогашниот познат свет и се смета за еден од најважните личности во целата светска историја.
Александар Македонски се родил на 22 јули 356 година пред Христа во Постол, во бракот на Филип со епирската прицеза Олимпија. Свој дел во формирањето на личноста на Александар имал и Аристотел кој му станал учител на 14 години.
* 10 јуни Ден на Воздухопловната Бригада на АРМ, и противвоздушна одбрана на Армијата на Република Македонија
* 10 Јуни – Меѓународниот ден на хералдиката
* 10 јуни 1793.- Во Париз е отворена првата јавна зоолошка градина „Жарден де плант“.
* 10 јуни 1912г. Во селото Црвена Вода, Охридско е роден Ванчо Николески, македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина. По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година, тој бил член на Друштвото на писателите на Макеоднија. За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите: „Климент Охридски“ и „Младо поколение“. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик. Во негова чест Друштвото на писателите на Македонија ја доделува нагрдата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади. Попознати дела: „Македонче“, „Мице“, „Школско ѕвонче“, „Четиринаесет илјади ослепени“, „Волшебното самарче“, „Гоце Делчев“, „Чуден дедо“, „Под виорното знаме“ и други.
* 10 јуни 1934г.роден е Нико Нестор –маратонец пливач,успешен учесник на многу државни ,балкански,европски и светски првенства .Го преплива ЛА МАНШ,Рангиран на високо место меѓу светските пливачки маратонци на 20 век.
* 10 јуни 1943.- Кај месноста Клинска Леса, Кавадаречко, во борба против бугарската војска загина Димката Ангелов – Габерот, македонски револуционер, учител и политички комесар на Третата оперативна зона на НОВ и ПО на Македонија. Тука загинаа и борците Пано Мудров, Ило Виларов и Крсте Камчев. Димката Ангелов е роден во селото Ваташа, Кавадаречко, на 17 октомври 1916 година.
*10 Јуни 1943 година е загинат ДУШАН ЈУРУКОВ-МАЛАШЕВ, роден 15 Март 1923 година во Неготино. Душан уште мал останува без татко и затоа на 7 годишна возраст, наместо в училиште, заедно со мајка му работи како аргат по туѓи ниви колку да извади за леб. Работи со срп, со лопата и со мотика. Окупацијата и влошувањето на животот на работниците само ја зацврстуваат неговата определба за борба против окупаторите. Кон крајот на 1941 година тој е член на МК на СКОЈ и со својата решителност и другарство мошне е ценет меѓу напредната младина. На 10 мај 1943 година, Душан е меѓу првите доброволци од Неготино што тргнале кон Вишешница за формирање на партизански одред. Како борец во одредот “Добри Даскалов”, со партизанско име Малашев, Душан е храбар и решителен во сите акции и борби и неуморен во движењата. Во јуни 1943 година кај селото Никодин, е случајно пресретнат од бугарски полицајци кои го фаќаат и бараат од него да ги каже другарите кои се во шумата, но Душан не проговорува ништо. По долго измачување стрелан е во Дреновската Клисура. Згаснува еден млад живот, кој започнал да живее со својата неисцрпна енергија и желба за борба.