* 22 јули Во 1944 година кај село Буринец, Струшко, на планината Караорман загина Никола ТОДОРОВСКИ-Коле Канински, припадник на македонското националноослободително движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Канино, Битолско, на 18 јануари 1914 г. По професија бил правник. Основното и средното образование ги завршил во Битола. Во 1940 г. станал член на Месниот комитет на КПЈ-Битола. На теренот бил многу популарен. Во септември 1941 г. станал член на првиот Битолски месен воен штаб, што значи дека непосредно раководел со организирањето на партизанската борба во Битолско Во април 1943 г. станал началник на штабот на Партизанскиот одред „Даме Груев“. По формирањето на Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ на 20 мај 1943 г. станал негов командант. Подоцна бил именуван за политички комесар на Вториот баталјон на Третата оперативна зона, познат и како Битолско-мариовски баталјон на Втората македонска бригада. Бил избран за делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал како политички комесар на Првата македонско-косовска народноослободителна бригада, во несреќен случај при испробувањето на минофрлач кај селото Буринец на планината Караорман

-22 јули 1944 починал Трифун Ѓорѓиев Пановски-македонски лекар, револуционер. Подоцна со родителите се преселил во Битола, каде завршил гимназија во учебната 1933/34 година. По завршувањето на гимназијата, своето образование го продолжил во Белград каде се запишал на Медоцинскиот факултет. Уште за време на студентските денови, Пановски влегол во напредното студентско движење. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград. Кратко време работел во Ниш, а потоа во Обласната хигиенска лабораторија во Битола, како началник на Антималаричната служба. За време на Втората светска војна вршел подготовки и обезбедување со санитетски материјал за првиот партизански одред. Бил откриен од окупаторот и интерниран во Бугарија, од каде го мобилизирале како лекар во бугарската армија. На почетокот на 1944 година избегал и им се приклучил на партизаните. Бил главен лекар во Партизанската болница на Кожуф, а потоа бригаден лекар на Првата македонско-косовска бригада. На 22 јуни 1944 година во близина на селото Буринец (Малесија) при едно пробно гаѓање со минофрлач, од ненадејна експлозија бил тешко ранет заедно со командантот на Првата македонска бригада Коле Канински и уште тројца нивни соборци. Иако и самиот бил тешко ранет, Трифун Пановски им помагал на останатите повредени, сè додека сите не им подлегнале на раните.

*22 јули 1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола и ги ослободија сите затвореници.

*22 јули 1933.- Во Велес е роден Борис Поп Ѓорчев, доајен, и со 25 награди, најтрофеен македонски новинар. Со новинарство се бави од средношколски и студентски денови, како дописник и соработник на првиот македонски спортски весник “Фискултурен глас”, “Спортски глас” и белградските “Спорт” и “Фудбал”. Во “Нова Македонија” е од 1953 година од кога е и член на Здружението на новинарите на Македонија. Во периодот 1975-1980 постојан дописник на весникот “Нова Македонија” од Москва. По катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година е член на мобилната екипа на “Нова Македонија” која во наредните две недели, во Приштина, без прекин го продолжува излегувањето на најстариот македонски весник. Во ноември истата година е еден од основачите на вториот македонски весник “Вечер” каде е заменик на главниот и одговорен уредник. Одликуван е со највисуки републички и државни награди.

*22 јули 1948.- Во Скопје, со одлука на Владата на Народна Република Македонија, е основан Институт за национална историја.