* 3 ноември 1976 г. , формирана е општина„ ГАЗИ БАБА“ во која беа опфатени : Железарница, Автокоманда, Маџари, село Маџари, Синѓелиќ, село Синѓелиќ, Рудници и железарница – Скопје и источната индустриска зона,Стајковци, Инџиково, Трубарево, Раштак, Булачани, Црешево, Страчинци, Брњарци, Мојанци,Арачиново, Белимбегово, Марино, Кадино, Јурумлери, Идризово, Наово, Огњанци, Петровец,`Ржаничино, Мралино, Чојлија, Чифлик, Катла-ново, Блаце, Бадар, Кожле, Летевци, Брезница,Градманци, Долно Коњари, Дивље, КатлановскаСушица, Средно Коњари, Миладиновци, Бунар-џик, Бујковци, Горно Коњари, Текија, Дељад-ровци, Мршевци, Ајватовци, Бучинци, Грушино иОрланци. Новоформираната Општина се про-стирала од југоисточниот дел на градот и заземала површина од 482 км2, со 40 населени места и 92.120 жители.Со новата територијална поделба во 1996 Гази Баба престана да постои во оваков состав ,од нејзина територија покрај неа се формираа 3 нови општини Арачиново,Илинден и Петровец.

*3 Ноември 1912 – Брзината со која османлиската армија била разбиена од силите на Балканскиот сојуз покажала дека на долговековното владеење на османлиската држава на Балканот во Европа му дошол крајот. За да ја спречи брзата катастрофа пред која се нашла, владата во Истанбул веќе на 3 ноември, т.е. само 16 дена од почтокот на Војната, се обратила со молба до големите сили да и помогнат да дојде до прекин на воените акции на сојузничките против неа. Барањето на Османлиската Империја за запирање на Војната, големите сили, пред се, Австро-Унгарија, Германија и Русија, без оглед на нивното групирање во два спротивставени блока, го дочекале со олеснување. Тие, се уште, не биле подготвени за глобален судир. Разговорите за примирје започнале на 3 декември.

* 3 ноември 1944 г. е ден на ослободувањето на Прилеп.

* 3 ноември 1944.- На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
* 3 ноември1951.- Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 година Отсекот за правни науки се одвои како посебна високообразовна институција.

* 3 ноември 1957.- Советскиот сојуз го лансираше „Спутњак 2“ првиот сателит кој со себе носеше живо суштество, кучето „Лајка“.

* 3 ноември 1965.- Излезе првиот број на “Народен глас”, весник на општина Прилеп. Во почетокот излегуваше на 15 дена, а потоа излегува редовно секој петок. Го издаваше Центарот за печат, радио и телевизија Прилеп. “Народен глас” излегуваше и во текот на НОВ, а од 1961 до 1964 година излегоа четири броја.
* 3 ноември 1976 г. формирана е општина Карпош-Скопје.

* 3 ноември 1988.- Умре Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, како и на голем број учебници по македонски јазик, меѓу кои и “Граматика за средни училишта”. Роден е во Прилеп, на 8 април 1909 година.

* 3 ноември1989.- Во Сремска Каменица умре Никола Солдатов, познат македонски новинар и долгогодишен ТВ коментатор. Тој е еден од основачите на Спортската редакција на Телевизија Скопје и како врвен сликар и ТВ репортер се вбројува во доајените на македонското спортско новинарство. Роден е во 1926 година.
* 3 ноември1992.- Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја извести Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
* 3 ноември1993.- Република Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ – Меѓународен договор за трговија и царински тарифи. Пристапувањето кон овој договор значи и добивање третман на најповластена нација и прифаќање на принципот на недискриминација. Исто така се отвори можност за институционално решавање на трговските и царинските спорови во сферата на размената.
* 3 ноември 2008 година Собранието на Република Македонија со 93 гласа „за” и еден против донесе Резолуција за решавање на спорот за името. Во резолуцијата се бара за време на разговорите за името да се зачуваат највисоките државни и национални интереси, идентитетот на македонскиот народ, јазик, историја, култура и постењето на македонското национално малцинство во Грција и да се афирмира позицијата на Македонија како суверена и самостојна држава.









































