НА ДЕНЕШЕН ДЕН-22 МАЈ

0
39

*22 мај 1944 година,животот го загубила ОливераВера Јоциќ,родена во с.Сингелиќ -скопско. Првоборец и воено лице одликувано со Орден на народен херој.Инаку, Вера Јоциќ беше ранета во Пролетната офанзива кај село Страцин, а на 22 мај 1944 година, во село Саса, им подлегна на повредите. Нејзиното херојство е воспеано во прочуената песна „Очи“ на Ацо Шопов.

* 22 мај 1946 г. роден е Владимир Ангеловски, или уште познат како Дади , бил едно од најголемите македонски актерски имиња. Многу добро го познаваат како постарите, така и помладите генерации .Почина на 15 ноември 2012, Скопје.

* 22 мај 337.- Почина римскиот цар Константин Први Велики, првиот римски цар кој дозволи слободен исповед на Христијанството. Тој е основачот на Константинопол (Цариград), новата престолнина на Царството.

* 22 мај 1903.- Во селото Могила, Битолско, во борба против турската војска и полицијата загина Андреја Петров Блажески – Расолкоски, познат како Дедо Андреја, македонски револуционер и војвода. Роден е во Мало Црско, во средината на 19 век. Со нив загинале или се самоубиле уште 13-14 комити, кои воделе 36-часовна борба 20 комити против 300 души аскер и османлиски жандарми.

* 22 мај 1918.- Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.  

* 22 мај 1979.- Официјално е верификувано основањето на битолскиот Универзитет.

* 22 мај 2010 ,почина Гане Тодоровски,Македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист

Претходниот артикал,Свадба на Ѓорѓи и Душка-1974
Следната статијаНајголема разделечина во Р.М.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука