* 22 ноември 1963.- Во Далас, во државата Тексас, во САД, е извршен атентат врз претседателот на САД Џон Фиџерланд Кенеди. Беше најмлад и еден од најпопуларните претседатели во историјата на САД. Во Втората светска војна служеше во морнарицата на Пацификот, а во 1952 година стана сенатор. За претседател на САД е избран во 1960 година, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година во Вашингтон. Роден е во Бостон, на 29 мај 1917 година.

* 22 ноември 1497.- Португалецот Васко де Гама стана првиот морепловец кој исплови до `Ртот Добра Надеж на крајниот југ од Африка, барајќи морски пат до Индија.

* 22 ноември 1906.- Со меѓународна конвенција донесена во Берлин, знакот С.О.С. е усвоен како меѓународен знак за бродовите во опасност.

*22 Ноември 1942 во с.Подмочани,Преспа, предаден од домашните слуги, после тешко мачење, пред насила собрани селани, беше стрелан првоборецот Косте Кусаковси, од италијаните, роден 1923!Нека му вечна слава!
* 22 ноември 1994.- Во Скопје е формирано Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка









































