НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 15 Ноември

0
467

* 15 ноември 1974г.во непосредна близина на училиштето во Милиадиновци се судрија два автобуси на градски сообраќај .Во оваа сообраќајна несреќа повредени беа 40 ученици ,од кои 7 потешко.

*15 Ноември 1897 – Никола Петров-Русински со дел од четата, се уште, се наоѓал на малешевски терен. Заради настаната ситуација со провалата во Виница, тој и Ташко Мицев одржале итно советување на првите луѓе на Организацијата од селата Владимирово и Русиново. Веднаш биле пратени курири во сите села на Малеш со наредба складираното оружје да се премести од дотогашните во други скривалишта. Луѓето што требало одново да го кријат морале да бидат подготвени, доколку бидат барани од турските власти, веднаш да пребегаат за Бугарија
*15 ноември 1912 роден е Кирил Пенушлиски — македонски фолклорист.

*15 ноември 1927  роден е Џемаил Вејсели — македонски политичар.

* 15 ноември 1945 г. Бо руинираните простории на некогашната Воена болница,на местото кај што е сега Скопскиот Саем беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

* 15 ноември 1983.- Во Скопје умре Таки Хрисик, македонски композитор и музички педатог. Неговиот творечки опус опфаќа голем број дела за хорска изведба, камерна музика, соло песни, дела за орекстар и близу 1.500 мелографски записи на македонски и на влашки песни. Роден е во Крушево, на 27 септември 1920 година.

* 15 ноември 1994.- Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.

* 15 ноември 1995.- Република Македонија стана 27-та членка на мировната иницијатива на НАТО „Партнерство за мир“.

* 15 ноември 2000.- Во Скопје умре Тодор Димитровски, македонски научен работник, лингвист, книжевен историчар, лексикограф, книжевен преведувач и редактор. Роден е во селото Подлес, Велешко, на 19 февруари 1922 година.

* 15 ноември 2001 г.Прогласени се Амандманите на Уставот на Македонија во согласност на Охридскиот рамковен договор.

* 15 ноември 2002 г. заврши пописот на населението во Македонија.

* 15 ноември 2003 г. започна втората фаза од акцијата собирање на доброволно предаденото оружје во Македонија.

*15 ноември 2004г. Премиерот на Македонија Хари Костов поднесе оставка.

* 15 ноември 2006.- Во Скопје, пред Домот на културата „Кочо Рацин“ е откриено спомен-обележјето „Скршено мајкино крило“ посветено на 54 загинати старешини и војници во распадот на Југославија, во текот на 1991 и 1992 година.

* 15 ноември 2012 година по кратко боледување на 66 годишна возраст почина Владимир Ангеловски –Дади. Тој зад себе остави стотици и стотици изиграни претстави, незаборавни ликови, како и познати улоги во македонските народни приказни.Јавноста ги памети и огромениот е бројот на улогите во кои се појавува Дади, од детските серии и драми, па сѐ до сериозни улоги во повеќе значајни македонски филмови, серии и драми.

Претходниот артикал,Од центарот во Илинден
Следната статијаФ.К.Бунарџик од Бунарџик

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука