Свадбениот обичај од Чешка го објавуваме благодарејќи на Славка Атанасова,која влече корени од родот Велкови од Илинден ,а живее во Чешка.
Кршење тањир -стар Чешки свадбарски обичај

Оваа стара чешка свдбарска традиција(кршење на тањир за стреќа и благосостојба)се изведувал во домот на младоженецот (кога свадбите се правеле дома )и денес пред рестораните кај што се прави свадбата.
Ако се правела дома свадбата кршењето на тањирот го правел по главен член од семејството ,а пред ресторанот тоа го прави некој главен од персоналот.
Невестата како столб на куќата со лопатката во раце симболизира собирање и чување на богатството во домот ,а младоженецот собирајќи ги парчињата со метла симболизира полнење на куќата.
При ова дел останатите гости некој ќе помага ,а некој одмага при собирање на сите делчиња ,што симболизира дека во животот секогаш ќе има што некој ќе помага,ама и некој кој ќе одмага.
И колку ќе биде поуспешно собирањето на скршените делчиња толку ќе биде бракот поуспешен и обратно.