НА ДЕНЕШЕН ДЕН -26 МАРТ

0
417

– 26 март 2001 кај Каралулата Чашка загинува Игор Николовски (†26), резервист во АРМ, додека бил во патрола на набљудувачките пунктови во тој дел на северната граница.

-26 март 1964 година во славното Крушево роден е Илија Најдоски со право се вбројува како еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на ФК Вардар. Ненадминлив по својата борбеност во играта во одбраната, Најдоски вардаровите бои ги бранеше во периодот од 1984 до 1988 година.Илија Најдовски,македонски репрезентативец има одиграно вкупно 134 средби од кои 75 првенствени во „црвено-црниот“ дрес и беше столб на дефанзивниот бедем во сезоната 1986/1987 кога Вардар за прв и единствен пат во својата трофејна историја се закити со титулата државен првак на СФР Југославија. Фудбалската кариера, Најдоски ја започнал во ФК „Победа“ од Прилеп, а потоа преминал во ФК „Вардар“. Тој бил дел од генерацијата на „Црвена Ѕвезда“, која во 1991 година го освоила Купот на европските шампиони, а потоа постанала и светски клупски првак. Исто така, Најдоски играл и за Реал Валјадолид, Денизлиспор, ЦСКА од Софија, а кариерата ја завршил во швајцарскиот Сион со кој станал шампион во лигата и освојувач на купот.Најдоски ја извршувал функцијата технички менаџер на фудбалската репрезентација на Македонија, но во 2015 година, по поразот од репрезентацијата на Белорусија, тој си поднесол оставка.

-26 март 1901.- Во Галичник е роден Лазар Личеноски, македонски сликар. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж (“Бачила”, “Долап”, “Афионски полиња”, “Охридски рибари”) во кои внесува и фолклорни елементи. Сликаше и мртва природа, портрети и мозаици. Умре во Скопје, на 10 април 1964 година.

-26 март 1947.- За да не падне жив во рацете на грчките владини војници, од височината на една карпа се фрли во реката Бистрица Вангел Мангов. Притоа, еден куршум смртно го погоди. Тој спаѓа во редот на видните македонски револуционери во Костурска околија кој целиот свој живот го посвети за слобода на македонскиот народ. Роден е во селото Жупаништа, во 1912 година.

-26 март 1948.- Во селото Сетина, мистериозно, од непознато лице, беше стрелан Ристо Дончев, македонски револуционер кој ја ширеше националната свест сред македонските партизани во ДАГ и македонското население. Оваа активност, најверојатно, не им се допаѓаше на некои раководители на ДАГ и поради тоа, мистериозно загина. Роден е во селото Јаворјани, Воденско, во 1921 година.

– 26 март 1992 година  на достоинствен начин и последниот војник на ЈНА ја напуштил касарната Илинден без право на враќање. – На тој ден на пистата се построија последните припадници на ЈНА и единиците на Штабот на ТО на Општина Чаир. На тој свечен чин на 26 март 1992 година беше засекогаш симнато знамето на Југославија, а се крена знамето на независна Македонија, рече Јордев и додаде дека од тој ден Бригадата ја воспоставила целосната контрола над касарната.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -25 МАРТ
Следната статијаЛЕГЕНДА ЗА МЕСНОСТА „ДВА КАМЊА“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука