На денешен ден-24 јуни

0
218

*24 јуни 1861.– Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана  учебник за идните генерации македонски писатели. Објавувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер. 

*24 јуни 1944 година,  Методија Андонов Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за островот Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито.при што македонската делегација го поставува прашањето за обединувањето на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да се случи веднаш.

*24 јуни 1994.- Во Скопје, во издание на Македонскиот светски конгрес, излезе првиот број на светскиот македонски неделник „Македонско сонце“.

* 24 јуни 1979 година, во Охридаките села ВЕЛГОШТИ  и ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ,беа постигнат фудбалски резултати за ГИНИС. Првиот  во селото Велгошти, каде што домашниот Илинден 903-та го победи Младост од Вапила со 134:1, вториот во Долно Лакочереј. Таму домашниот Градинар загуби од Дебарца од Белчишта со “помал” резултат 0:88.  Тоа беше ден кога фудбалот стана кошарка, кога тие два резултата го обиколија фудбалскиот свет, кога во Охрид допатуваа стотина новинари, не само од поранешна Југославија туку и од другите европски држави, да се уверат во оваа сензационална, неверојатна вест за постигнатите резултати. 

*24 јуни 2016г.почина Емин Унџел ,една легенда на македонскиот хумор , препознатлив како Селим Селими.Ќе го памтиме по оригиналниот и препознатлив стил.Другар,колега,партнер,дел од ,,Хихирику,, ,

*24 јуни 2014 година починал академскиот сликар Момчило Петровски – Моцо.
Роден бил 1936 година во Куманово, а завршил Академија за применета уметност во Белград во 1962 година, додека специјализирал на истата Академија во 1964 година. Бил член на ДЛУМ од 1966 година. Работел во Скопје на Факултетот за ликовни уметности, кадешто бил декан два мандати, а еден мандат продекан.Тој ги искажувал ликовните можности на новиот материјал „брестал“, пред се во сликарството и графиката и со тоа ги промовирал ненасетените, исклучителни квалитети на тој материјал во ликовна функција.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука