НА ДЕНЕШЕН ДЕН-26 СЕПТЕМВРИ

0
109

* 26 септември Светски ден на чисти планини

* 26 септември  1371. Се одржала битката на Марица, помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и македонската војска на Волкашин Мрњавчевиќ  и неговиот брат, деспотот Јован Углеша.Во оваа битка загинаа и Волкашин и Углеша ,а  Крали Марко продолжил да го раководи Прилепското крталство.

* 26 септември 1967г. Светиот Синод на Македонската Православна Црква донел одлука за отварање на Православна Богословија ,средно –образовен теолошки центар.На почетокот Богословијата била сместена во Манастирот „Горни Свети Илија “во с.Бањани –скопско.Денес богословското училиште е во Драчево.

*26 СЕПТЕМВРИ 1970 година во Скопје починал Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Битола на 15 јануари 1920 г. По фашистичката окупација бил член на Воениот комитет на МК на КПЈ во Битола и го помагал функционирањето на партиската техника. На 22 април 1942 г. станал борец во редовите на првиот Битолски партизански одред “Пелистер”. Од 6 јули 1942 г. бил борец и интендант во Битолско-преспанскиот партизански одред. Во јули 1942 г. од бугарскиот воен суд бил во отсуство осуден на смрт. Во септември 1942 г. станал борец во Битолскиот партизански одред “Јане Сандански”. Во 1943 г. станал специјален курир при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во август 1943 г. бил заменик политички комесар на чета во Партизанскиот одред “Даме Груев”, а потоа од јуни-октомври 1944 г. бил заменик политички комесар на Седмата македонска бригада. Во оружените борби двапати бил рануван. Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 август 1952 г.

* 26 септември 1993.- Во селото Доверзенце, Кумановско, е осветена новоизградената црква “Свети Ѓорѓи”.

* 26 септември 1993.- Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен “Ин Виница веритас”.

Претходниот артикал,Сречко Милошевски-поранешен член на КУД Илинден
Следната статијаНајдобар фудбалски судија на сите времиња од Македонија

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука