*30 септември Светски ден на глувите
*30 септември Светски ден на книжевните преведувачи
*30 септември 2000 година.во Мралино–Илинден ,удрен е каментемелник за градба на црквата „Покров на Пресвета Богородица“.По 11 годишна градба црквата е завршена и осветена на 30 септември 2011година.

*30 септември 1949 – Главниот штаб на Демократската армија во с. Граждано даде наредба на сите партизани Македонци , Грци , Власи и Др Батаљони и Бригади да се повлечат во Албанија , Бугарија и официјално ја прекина Втората Граѓанска војна. За нас оваа црна дата е ,,Потсетник,, дека нема да престанеме да се самоорганизираме. Воедно малкумина знаат дека дел од архивата на ДАГ исчезна при напалм нападот над штабот и повлекувањето од селото Бесвина. А две подземни болници неинформирани за повлекувањето заедно со помала единица донесуваат храбра одлука да извршат повлекување на сите ранети кон Албанија преку Горбеч планина после целосното повлекување на ДАГ. Повлекувањето траело 4 дена и било успешно. Пристигнале околу 7 октомври.
*30 септември 1452г отпечаена е првата Библија од печатерот Јохан Гутемберг.

*30 септември 1902г.загинал Ангел Винички ,револуционер и организтор на тајни канали за снабдување со оружје на револуционерната организација.Во еден разговор со Гоце Делчев му рекол не се плашам од душмански куршум ,туку од предаство ,токму и од тоа погинал кај село Драгобриште на споменатиот датум.

*30 септември 1903.Во Виена и во Марцштег,мало место во штаерска,почна состанокот меѓу рускиот цар Николај Втори и австро-унгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надорешни работи ,на које изработена програма за реформи во Македонија ,позната како Марцштеска реформска прогрма,донесени на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи ,иако битно не се измениле состојбите во Македонија ,сепак тие придонесоа за актуализирање на македонското прашање во меѓународните односи.

* 30 септември 1997 замина една од најплементитите актерки на овие простори, добродушна, питома, со гласна насмевка, бард на нашето глумиште – Анче Џамбазова.

*30 септември 1998.- Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција – МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија. МИА е новинска агенција формирана со одлука на Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година, а активирана со одлука на Владата на Република Македонија на 1 декември 1997 година.
.* 30 септември 2005г.Издавачот МПМ прв пат ја издаде „Енциклопедија Британика“ на македонски јазик
*30 Септември 2018 година се одржа референдум за промена на името на Македонија ,наместо текст ја постирам одлуката на ДИК
