НА ДЕНЕШЕН ДЕН-11 ЈУНИ

0
218

* 11 јуни 2013.- На 79-годишна возраст почина полошко-кумановскиот владика Кирил. Неговиот вечен дом по негов избор е  во Манастирскиот Комплекс Св. Ѓорѓија -Дељадровци.Средно богословско училиште завршил во Призрен. Во 1964 година се замонашил во манастирот Свети Причеста во Кичево. Студирал на Московската духовна академија на Руската православна црква во Загорск каде завршил прв степен на студиите. Со недовршен факултет две години потоа бил повикан во Македонија. Во 1967 година во соборниот храм “Свети Димитриј” во Скопје, бил хиротонисан во епископски чин. Раководел извесен период со Австралиската и со Американско-канадската епархија. Во 1987 година бил назначен за Полошко-кумановски митрополит. Коавтор е на монографијата “Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим”, Скопје, 1979 година. По упокојувањето на Архиепископот Доситеј, од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот на новиот поглавар Архиепископот Ангелариј времено ја извршувал должноста на архиепископскиот трон. Прогласен е за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Добитник е на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ. Владиката Кирил е роден на 23 јуни 1934 година во селото Царев Двор, Преспанско.

* 11 јуни 1878 година, во Охрид,родена е Јустинијана-Јанка Каневчева, со основно образование се стекнува во родниот град, додека со средно образование и факултет се стекнува во Софија. 
Се вклучува во револуционерното дело и учествува во повеќе активности. Таа е љубовта на Гоце Делчев.„По Божиќните празници таа 1902 година, Гоце Делчев, пред да замине повторно во Македонија, доаѓа на проштална вечера кај неа. Неговата Јанка му подготвува убава вечера, но му предава и црвено востаничко знаме со лав и фигура на девојка. Јанка на шега му вели дека лавот е тој, а девојката е таа. Гоце гласно се смее, земајќи го знамето што таа самата го извезла и бродирала. По вечерата Јанка го изненадува со убав Божиќен подарок – срмен џемпер што ќе го чува од студот по македонските планини.“По неговата смрт, како нејзин животен сопатник е Михаил Герџиков со кого има ќерка, Магдалена.Умира на 3 март 1920 година, од туберкулоза.

* 11 јуни 1869.- Македонската црковноучилишна општина во Неврокоп упати писмо до великиот везир во Цариград, во кое бараше решавање на црковното прашање преку поставување владика од словенско потекло. Чувствувајќи опасност, Цариградската патријаршија го заоструваше курсот и на својата панелинска политика и ги активира своите органи на теренот против воведувањето црковнословенски во црквите и македонски јазик во училиштата. Започна гонење на се што е словенско од страна на грчките владици. Тогаш беа уништени голем број словенски ракописи и богослужбени книги

* 11 јуни 1902.- Во селото Ракитница, Крушевско, во борба против турската војска загина Веле Марков, македонски револуционер, социјалист, член на ТМОРО и војвода. Во борбата загинаа и неколкумина негови соборци. Веле Марков е роден во селото Селце, Крушевско, во 1870 година.

* 11 јуни 1919г. во Скопје ,пајтонџиите одржале штрајк поради ниската тарифа за возење.

Благоја Видиниќ во дресот на државната репрезентација
Благоја Видиниќ

*11 јуни 1934 година во Скопје,роден е Благоја Видиниќ,прославен македонски голман  . Својата фудбалска кариера ја започнува во 1952 година, токму меѓу стативите на Фудбалскиот Клуб Вардар. Славниот Видиниќ вардаровата мрежа ја чува и во наредните три сезони се до 1955 година.Поранешниот југословенски репрезентативец кој има освоено и две олимписки медали за тимот на Вардар има настапено на вкупно 144 натпревари повеќе од било кој друг клуб во неговата понатамошна кариера. И покрај тоа што неговиот живот завршува на 72 годишна возраст на 29 декември 2006 година во францускиот град Стразбур, Видиниќ и натаму ќе остане со „неизбришливо мастило“ запишан како еден од најдобрите чувари на мрежата во аналите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.За нас  значајно е тоа што денес поголемиот дел од неговата поширока фамилија ВИДИНЦИ ,живее во Илинден

* 11 јуни 1943 почина Никола Петров Русински, македонски револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија и бил близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов. Задоен со идеите на социјализмот, тој го наоѓа своето место во македонското револуционерно движење и безусловно му служи целиот свој живот. Во 1897 година станал четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, а потоа и во четата на Г. Делчев. Како близок соработник на Делчев, во 1900 година бил испратен во западниот дел на Македонија, каде станал првиот војвода – агитатор во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско и Мариово. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Битолско. Користел псевдоними како Апостол Скитов, Атила Елонски и сл. Оставил спомени за ВМОРО

* 11 јуни 2015.- На 69-годишна возраст почина познатиот театарски и филмски актер Благоја Спиркоски – Џумерко. Одиграл повеќе улоги, а најпознат ќе остане по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“. Беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање. Џумерко имаше огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година. Благоја Спиркоски – Џумерко е роден во Прилеп, во 1946 година.

ПОСТАВЕНА КАМБАНА НА ЦРКВАТА Св. Тоица -Бучинци

*11 Јуни 2022 година во Црквата Св. Троица- Бучинци беше поставена нова камбаана обезбедена преку доброволен прилог и донации од верници пред се жители на Бучинци и околината.Со тоа отиде во историјата стариот начин на обавестување на верниците со биење во „клепалото“

Претходниот артикал,Наставникот Србослав Илиќ со своето одделение
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-12 ЈУНИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука