Првото новородено бебе по земјотресот во Скопје.
Скопје градот кој ќе остане запаметен по катастрофалниот земјотрес кој го разруши до темел од тоа време во сеќавање има многу емотивни приказни кои секогаш ќе потсетуваат на големата трагедија што се случила.
Денешново сеќавање поврзано е со еден весел настан за едно семејство во Скопје токму во најтажниот ден за скопјани.
Имено само два часа по земјотресот ,во 7 часот и 20 минути се роди првото скопјанче, а тоа беше малата Сузана Стаматовска.
Нејзината мајка ги почуствувала породилните болки иако датумот за породување бил во октомври ,но стресот си го направи своето и Сузана дошла на свет два месеца порано.
Во тешки услови породувањето го извршил – угледниот д-р Антиќ и породувањето започнал на плочникот пред болницата, во тревникот под едно дрво, без никакви инструменти, единствено имаше само ќебе .
Првороденото дете Сузана Стаматовска (родена Крстевска) израсна во убава девојка и среќно се омажила и горда мајка на две деца. Многу сака да им помага на другите, а вљубеник е во својата професија (градежништвото) и во својот роден град Скопје – некогаш и сега.