
*27 јуни 1932г. извршено прво асфалтирање на улица во Скопје
*27 јуни 1937г.починала Донка Ставрева Ушлинова или Донка Комитката,се омажила млада на 15 годишна воздраст за Ставри Христов од село Лера (битолско). Додека мажот и бил на печалба започнал да ја следи и вознемирува локалниот чифлиг-сајбија Реџо Беј. Таа го убила со помошта на нејзината јатрва Сребра Апостолова и нејзиниот маж (исто членови на ВМОРО). По убиството преминале во илегала и се криеле во планините, каде што го нашле ресенскиот војвода Славејко Арсов кој ги облеков во четнички униформи и го примил во неговата чета.Подоцна по одмазда за убиениот бег властите и ја разрушиле куќата. За време на Илинденското востание учестувала во над 20 борби со аскерот кај ресенско, кај селата Лева Река, Златари, Смилево…По востанието преку Србија пребегала во Бугарија во Варна каде што се нашла со својот сопруг. За време на балканските војни заедно со Ставри Ушлинов била доброволец во втората рота на осма Костурска дружина на Македоно-одринското ополчение. За време на војните учествувала во многу битки и била унапредена во заповедник добила и два медали за храброст од трет и четврт степен.

*27 јуни 1941.-роден е Нијази Лимановски во селото Ростуше,тој е е македонски етнолог и борец за национално обединување на Македонците, без разлика на вероисповедта.Потекнува од родители исламизирани Македонци, и како етнолог, целиот свој живот го посветува на истражување на Македонците муслимани, како верска и етнографска подгрупа на македонскиот народ.Пораснат во таква средина, Лимановски ќе израсне во голем борец за национално обединување на Македонците без разлика на верската припадност. По завршувањето на основното и средно училиште, Лимановски активно се вклучува во политичко-општествениoт живот на земјата. Како виден општествено-културен и политички деец, од 1969 до 1974 година, бил пратеник на Просветно-културниот собор на Собранието на СР Македонија. Умре на 12 октомври 1997 година.

* 27 јуни 1943.- Во селото Ѓавато, Битолско, е роден Димитар Башевски, македонски романсиер, поет, преведувач и издавач. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина.. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Претседател не Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1969 година. Автор е на многу дела.Добитник е на наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“ и „Печалбарска повелба“. Во бил прогласен за лауреат на престижната награда „Роман на годината“ на Утрински весник за неговото дело, романот Бунар
* 27 јуни 1967 година во банката Барклис (Barclays) во Енфилд, Северен Лондон. Почна со работа првиот банкомат ,тоа беше првата таква машина од вкупно шест, порачани од институцијата на шкотскиот пронаоѓач Шепард Барон

*27 јуни 1980 година Мајка Тереза, од тогашниот председател на Собранието на Скопје – Методи Антов е прогласена за почесен граѓанин на својот град Скопје. И беше врачена плакета, везови, монографија на Скопје и други дарови. Тогаш Мајка Тереза рече „Сум добила многу признанија во светот, ја добив (1979) Новеловата награда за мир, но признанието од моите сограѓани ми е посебно мило и ќе го чувам поблизу до срцето.“
* 27 јуни 1992 година Европскиот совет на Европската заедница во Лисабон донесе Декларација за поранешна Југославија, во која прокламира признавање на државноста на Македонија, но “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија”.
*27 јуни 1995.- Република Македонија и Монголската Народна Република воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

*27 јуни 2013.- Умре Абдурахман Алити, поранешен претседател на ПДП, пратеник и амбасадор. Алити е роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Извршувал повеќе функции во Собранието на општина во Тетово (1969 – 27 јуни 1988). На првите демократски парламентарни избори беше избран за член на Собранието. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), е избран за заменик-претседател во Парламентот. Од 2006 година беше претседател на Партијата за демократски просперитет. Од 2005 до 2008 ја извршуваше функцијата амбасадор на Македонија во Бугарија.









































