*12 август 1990 г. по повод 1150 години од од неговото раѓањето, во времето на Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Гаврил,осветен е Соборниот храм Свети Климент Охридски.

*12 август 2007 г.пред Соборниот Храм Св. Климент Охридски во Скопје беше поставен споменик на првиот поглавар на МПЦ –Господин Господин Доситеј ,донација од Трифун Костовски ,а го изработил акаденик Томе Серафимовски. Македонската православна црква го поставила овој споменик во чест на 8 декември – православниот празник на св. Климент.

*12 август 1903.-БИТКАТА КАЈ СЛИВА …Тргнале да загинат за Крушево да преживее. Нивната смрт, нивната жртва, на крушевчани им донела живот. Тоа е приказната за битката кај местото Слива, која, заедно со таа на Мечкин Камен, е една од најтешките во периодот на Илинденското востание, кога со последните сили се бранела Крушевската Република пред нејзиниот крај. Педесетина востаници му се спротивставиле на неколкуилјаден турски аскер со едноставна цел – да го задржат што подолго, додека населението и главниот штаб се повлечат во збеговите во местата Осој (кај селото Зашле) и Крушка (близу селото Пуста Река). Гинеле еден по еден, речиси до последен човек, само за со своите животи да купат неколку часа во кои остатокот од градот ќе се спаси.Околу 15.000 турски војници и башибозук под водство на Бахтијар-паша почнаа офанзива против Крушево и Крушевската република. Штабот на крушевските востаници, по добиениот ултиматум од Бахтијар-паша, за да се предадат одговори: „Востанавме за да се бориме за извојување на слобода за Македонија, а не да се предаваме“. Но, кога градот се најде во безизлезна состојба, штабот нареди востаниците да се повлечат со цел да се зачува градот од разурнување. Во жестоката битка загинаа 32 востаника. Меѓу нив неколкумина се самоубија. Крушевската република падна утредента.

*12 август 1900.- Во Велес е роден Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет. Од неговото поетско творештво е позната само поемата „Ќе се вратам“. Се бореше во првите борбени редови пред Мадрид како борец на интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна (1936 – 1939). Загина при одбраната на Мадрид, на 19 ноември 1936 година.

*12 Август 1903 година загинал ПИТУ ГУЛИ
Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров, а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст.
Питу Гули наеднаш бил во командниот кадар во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Тој максимално се ангажирал во подготовките на востанието.
По пристигнувањето во родниот крај Питу Гули бил вброен меѓу командниот кадар и вклучен во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Сите биле максимално ангажирани во подготовките на востанието, а за Питу ги обиколувал селата.
Неговиот одред бил најмногуброен. Тој од селата ја собрал и селската милиција, па одредот на почетокот броел околу 350 луѓе.
На Втори август утрината Питу пред сите востаници одржал говор, наспомнувајќи им ја заклетвата и барајќи строго извршување на наредбите од претпоставените старешини.
По преземањето на Крушево, Питу Гули демонстративно ја искажал својата гордост и радоста од постигнатиот успех. Јавнат на бел ждребец, облечен во запленета беговска срмена облека, тој одел на чело на одредот, следен од знаменосецот Ѓорѓи Димев, со развеано знаме.
На 12 август Бахтијар паша го испратил фатениот Крушевчанец Коста Њику Баждавела во својство на парламентарец кај востаниците со порака да се предадат по барање на султанот.
Иако постоело колебање во Штабот, конечното решение гласело градот да се брани, кој решително го отфрлил предлогот за предавање на градот, изјавувајќи дека тргнува кај четата за да се бие и да ги брани честа и градот.
Во 1895 или 1896 година, Гули се оженил со крушевчанката Евгенија, ќерка на сточар од Крушево. Во бракот со Евгенија тија имале четири деца – тројца сина и една ќерка – Флора. Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето, петчленото семејство на Питу се распаднало.

*12 август1905.- Во Велес е роден Бане Андреев – Ронката. Беше член на КПЈ, на АВНОЈ и на АСНОМ, а од 1949 година партиски и воен раководител. Во 1949 година беше обвинет за недоследност во оживотворувањето на политиката на КПЈ и беше исклучен од партијата, по што замина од политичката сцена. Во 1960 година повторно е примен во редовите на СКЈ. Умре во Белград, на 31 октомври 1980 година
*12 август 1945.- Основано е македонско Лекарско здружение
*12 август 1962г за прв пат македонски свештеници Кирил Стојановски и Атанас Попов извршија богослужба на македонски јазик и прво крштевање. Тоа беше настан што остана во сеќавање и е запишан со големи букви во историјата на црквата „Свети Климент Охридски” во Торонто.

*12 август 1990.- Во Скопје беше основана Партијата за целосна еманципација на Ромите од Македонија. За претседател беше избран Фаик Абди.
*12 август 1993.- Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија беше примен во редовното членство на Меѓународната организација на преведувачите (ФИТ) и стана 19-ти член на Регионалниот преведувачки центар за Европа.

*12 Aвгуст 2001,се одвиваше решавачката битка во Конфликтот од 2001-Одбраната на ПС-Радуша.

Триесетина македонски полицајци забарикадирани во полициската станица во Радуша од три страни бева опколени и нападнати од косовскиот заштитен корпус и изложени на силен непрекинат огин од непосредна близина, но позицијата(станицата) беше одбранета и одкако беше употребена воздушна подршка напаѓачите(косовскиот заштитен корпус) бева одбиениа, опсадените македонски единици бева спасени и успешно извлечени.
*12 август 2004.- Во Грција беше пуштен во сообраќај мостот Рио-Антирио, најдолгиот висечки мост на челични сајли во светот, кој го поврзува полуостровот Пелопонез со остатокот на грчкото копно, долг 2.250 метри.
*12 август 1993.- Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија беше примен во редовното членство на Меѓународната организација на преведувачите (ФИТ) и стана 19-ти член на Регионалниот преведувачки центар за Европа.

*12 август 2016г.Народната банка на Република Македонија ја пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза. Кованата пара „Мајка Тереза“ ги има следниве карактеристики:– на аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
– на реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца.