НА ДЕНЕШЕН ДЕН-27 МАРТ

0
185

 

– 27 март 1959 год. Во Скопје била свечено отворена првата самопослугата  на свеченото отворање присуствувале огромен број граѓани. Свеченото отворање било проследено со говор и сечење лента при предавањето во употреба на самопослугата. Истата  се наоѓала на улицата Ѓуро Салај (денешна Димитрија Чуповски)…Инаку за отварањето на самопослугата речиси една година пред тоа се пишувало дека ќе се отвори пред некој престоен празник и тоа се провлекувало –одложувало цела година.(Н.Македонија).

-27 март е Меѓународен ден на театрите .  TEATAР ,тој бастион на театаската уметност ,преку актерски сензибилитет е моќен, да се спротивставува, да шокира и маѓосува- во актерска и техничка смисла. Гледачите се восхитуваат со добро раскажана приказна и во хаотичновремеЦелтa на театарот е да се подигне свеста за важноста на театарски израз и промовирање на развојот на таква уметност со извонреден капацитет на синтеза.
Из­вед­ба­та на пр­ва­та дра­ма на ма­ке­дон­ски ја­зик „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“со пр­ва­та ма­ке­дон­ска те­а­тар­ска гру­па „Скрб и утеха“ е прикажана во Со­фи­ја,1900г. од ма­ке­дон­ски­от дра­ма­тург Војдан Поп Ѓеоргиев Чернодрински (15 јануари 1875 – јануари 1951)
основоположник на македонскиот театар, македонски драмски автор,писател,актер,театарски режисер во чии дела прозвучи мајчиниот, македонски, јазик.                               

-27 март е Ден на здравственото воспитание на Македонија

– 27 март 1959 год. Во Скопје била свечено отворена првата самопослугата  на свеченото отворање присуствувале огромен број граѓани. Свеченото отворање било проследено со говор и сечење лента при предавањето во употреба на самопослугата. Истата  се наоѓала на улицата Ѓуро Салај (денешна Димитрија Чуповски)…Инаку за отварањето на самопослугата речиси една година пред тоа се пишувало дека ќе се отвори пред некој престоен празник и тоа се провлекувало –одложувало цела година.(Н.Македонија).

-27 март 1912 година, загинал Трајко Кралот (Брничанчето, македонскиот револуционер и мариовски војвода во битка со турците). Роден во 1874 година в мариовското село Брник. Се присоединил кон ВМОРО и за време на Илинденското востание бил четник кај прилепскиот војвода Крсто Гермов и кај Иван Кафеџијата.

-27 март 1992.- Република Македонија ја презеде контролата над целата своја територија со своја војска. За ова е потпишан Договор во Скопје од страна на претседателот на Република Македонија Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац. Со тој чин, всушност, од Република Македонија си замина и последниот војник на ЈНА.

-27 март 1903.- Во селото Карбинци, Штипско, дојде до судир меѓу четите на војводите Гане (од Ресенско или Струшко) и Стојан Бочварот (од Штип) од една страна, и турската војска, од друга страна. Борбата заврши со трагичен крај за македонските борци.

-27 март 1941.- Во многу градови во Кралството Југославија избувнале масовни демонстрации против потпишувањето на договорот за приклучување кон Тројниот пакт. Масовно биле извикувани паролите: „Долу Тројниот пакт“, „Долу фашизмот“, „Подобро гроб одошто роб“ и сл.

-27 март 1968.- При еден пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, првиот човек кој полета со космички брод во вселената, херој на Советскиот Сојуз. На 12 април 1961 година, со космичкиот брод “Восток” ја обиколи Земјата за 108 минути, летајќи на височина помеѓу 181 и 327 километри. По поминатите 41.000 километри, успешно се спушти на Земјата. Роден е на 9 март 1934 година.

-27 март 1999 Над територијата на СР Југославија е соборен американски стелт бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.

-27 март 2013 година во сообраќајна несреќа кај Хиподром.Загина Никола Младенов.Загинувањето на Младенов се уште предизвикува лавина од реакции кај јавноста, бидејќи многу прашања поврзани со неговата смрт останаа неодговорени од страна на надлежните институции.Младенов е роден на 10 март 1964 година во Скопје. Кон средината на 80-те години се вработил во весникот „Млад борец“, каде станува еден од предводниците на демократските процеси во тоа време. По „Млад борец“, тој го основа радиото „Либертас“.Во 1995 година, Младенов го основа неделникот „Фокус“, прв слободен и независен весник во Македонија. По 16 години од своето постоење, неделникот „Фокус“ прерасна во дневен весник.

 -27 Март 2021 г. во Белград почина Зафир Хаџиманов,по татко потекнува од Кавадарци, додека по мајчина линија е скопјанец. Неговиот татко, Васил Хаџиманов, бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес. Подоцна, тој се запишал на фармацевтски факултет во Белград, но го напуштил и се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје, отсек музика, по што својот животен век го посветил на фолклористиката. Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Претходниот артикал,Трипун и Радмила Велкови-1952
Следната статијаЛегендата за Дојранско езеро.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука