НА ДЕНЕШЕН ДЕН -5 Декември

0
180

*5 декември 1937г.голема поплава го зафати Скопје и скопска околија.

*5 Декември 2020г.во употреба новоизградената детска градинка во населено место Миладиновци, која е клон на ЈОУДГ „Гоце Делчев”.

Објектот на новата градинка се простира на површина од 540 м2, располага со 4 занимални и има капацитет да згрижи 90 деца. Во насока на почитување на протоколите во овој период градинката ќе згрижува 75 деца.

Во три занимални ќе бидат згрижени деца на возраст од 2 до 6 години додека во една занимална ќе бидат згрижени најмалите дечиња на возраст од 9 месеци до 2 години што значи воведување на јасли.

Вкупната инвестиција за реализација на овој капитален проект кој што општина Илинден го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика изнесува 33 милиони денари, од кои од буџетот на општина Илинден се обезбедени 27 милиони денари, а 6 милиони обезбедни  Министерството за труд и социјалана политика.

*5 декември 2011.- Во Скопје умре Ѓорѓи Доневски, претседател на Здруженијата на децата – бегалци од Егејска Македонија „Незаборав“. Доневски на 13-годишна возраст беше „евакуиран“ односно присилно одделен и одроден од семејството и местото на раѓање за да го продолжи животот во Бела Црква, каде што беше сместен еден од бегалските домови за децата бегалци од Егејска Македонија. Беше неуморен борец за правата на Македонците од Егејска Македонија. Роден во 1935-та во с. Бапчор во Егејска Македонија.

* 5-ти декември Светскиот ден на волонтерство. Ден кој го прославуваат над 17 милиони волонтери од целиот свет во рамките на Движењето на Црвениот Крст и Црвената полумесечина.

*5 декември 1990.- Во Скопје е регистрирана политичката партија Балканска федерација – Балкан без граници, со седиште во Скопје. За претседател е избран Димитар Даскалов.

*5 декември 2011.- Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди дека Грција го прекршила членот 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008. Претседателот на Судот Хисаши Овада соопшти дека Одлуката е донесена со 15 гласови за и еден против. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот и во огромен процент тие се испочитувани.

Претходниот артикал,ФК Илинден освојувач на купот во северно-полошкиот регион – 1998г.
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН – 6 Декември

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука