ЗА ИМЕТО НА ГРАДОТ ГЕВГЕЛИЈА

0
47

Еден дервиш еднаш дошол на ова место, но бидејќи многу му се допаднало, не сакал да го напушти местото. Жителите не сакале да го примат и решиле со сила да го протераат. Разлутен од тоа, дервишот почнал да ги проколнува жителите кои се исплашиле и го повикале назад со зборовите гел-гери што значи ела назад, а од тогаш градот го добил името Гевгелија

Како официјална населба датира некаде од 1664 година, каде има и пишани документи. Од 1665 до 1832 година е чифлишка населба и центар на нахија. Почнувајќи од 19 век, населбата забележува стопански развој, додека пак од 1877 година населбата имала скоро 2.000 жители.

По Првата Светска војна веќе бележи голем и постојан раст на населението, а се забележува и раст на економијата

Претходниот артикал,Петар Трајановски – млад фудбалер
Следната статијаПанче со дел од своите блиски

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука