НА ДЕНЕШЕН ДЕН 3 ФЕВРУАРИ

0
416

    

 -3 февруари 2016г.Изграден и пуштен во употреба е нов објект од областа на здравството-Амбуланта во Миладиновци на површина од 300 метри квадратни кој располага со две ординации за општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за вакцинација, просторија за интервенција, лабораторија, аптека, чекална, како и оптимален број на тоалети за пациентите.

 -3 февруари 2016г.Во  Ајватовци пуштена во употреба е пешачко-излетничка патека, спортско игралиште и детски реквизити.

– 3 февруари 1904 година,убиен е ТОЛЕ ПАША,во голема и нерамна битка со триилјаден турски аскер, кој добро информиран од својата, но и од грчката шпионска мрежа, го заобиколил селото Гудјаково во кое била лоцирана четата на војводата. На информацијата дека селото е опколено, Толе Паша не покажал особена возбуда, ниту особен страв, туку мирно им се обратил на домаќините и на своите комити да завршат со ручекот, па после да бијат битка со непријателот. 

3 февруари 1921 година во Трпчевата меана се одржало првото официјално основачко собрание на фудбалкскиот клуб „Балкан“ од Чаир. Во оригиналните документи во Београдскиот лопташки савез стоело: ФК „Балкан“ е прв рагистриран клуб из „вардарске бановине“, издаден на 30 мај 1921 год. со потпис на тогашниот секретар Коста Таушановиќ. Од своите лични и скромни средства управата и играчите на ФК „Балкан“ ги купиле своите дресови кои биле црвени.

– 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина,роден е Александар Џамбазов. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Неговиот творечки опус е многу богат.Автор е на голем број детски песни како иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот „Златно славејче“.Пишувал сценска и филмска музика и повеќе дела од класичната музика. Kомпонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. Добитник е на педесетина стручни награди.

3 февруари 1966.- На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без екипаж “Луна IX”, по што почна да емитува сигнали.

-3 фебруари 1977.- Во несреќен случај загина Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Роден е во селото Брусник, Битолско, на 7 јули 1921 година.  Беше ко­ман­дант на Скоп­ска­та ар­ми­ска об­ласт (по­доц­на пре­и­ме­ну­ва­на ка­ко Тре­та ар­ми­ска об­ласт).  Загина во неразјаснет  случај убиен е на па­ди­ни­те на пла­ни­на­та Ка­ра­џи­ца до­де­ка со при­ја­те­ли­те бил на лов. Ток­му еден од нив по гре­шка, ка­ко што е офи­ци­јал­но со­оп­ште­но, пу­кал во не­го и го убил. Ин­те­рес­но е тоа што по истра­га­та во­оп­што не е из­вр­ше­но ба­ли­стич­ко ве­шта­че­ње на ору­ди­ја­та. Би­деј­ќи убис­тво­то го на­пра­вил бли­зок при­ја­тел на Ка­ран­ге­лев­ски, јав­но­ста лес­но би­ла убе­де­на де­ка ста­ну­ва збор за не­сре­ќен слу­чај.  По не­го­ва­та смрт, Мла­диќ е по­ста­вен за ко­ман­дант на Скоп­ска­та ар­ми­ска об­ласт.„Се лизнал и пушката сама пукнала“ Трагичната смрт на Васко Карангелевски остана мистерија.

3 февруари 1987.- Во Скопје умре академик проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. Роден е во Петроград, на 9 октомври 1894 година.

3 февруари 1992.- Во Скопје умре Васил Ќортошев, македонски оперски пејач и режисер. Роден е во 1920 година.

3 февруари 2000.- Во Скопје умре Лазо Каровски, македонски писател и книжевен историчар. Од неговото обемно книжевно дело ќе ја споменеме неговата прва книга поезија за деца „Овчарче“, објавена во 1946 година, и последната, романот за деца „Нека летаат гулбите“, објавена во 1986 година. Роден е во Кавадарци, на 17 февруари 1927 година.

3 февруари 2002.- Во Скопје, во сообраќајна несреќа, загина Петранка Костадинова, позната македонска пејачка на народни песни. Познати и се песните „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Струмица на улица“, „Мајка“, „Мајсторе, мајсторе“, „Земи си златни ѓердани“ и многу други. Родена е во Сомбор, во 1948 година.

3 февруари 2015.- На 53-годишна возраст почина писателот Драган Илиевски. Својот работен век го помина во Градската библиотека „Тане Георгиевски“. Член на ДПМ беше од 1998 година. Драган Илиевски зад себе остави раскажувачки опус во кој за одбележување се збирките раскази „Потковица и апокалипса“, „Креда“ и „Двојна вратоврска“. Драган Илиевски е роден во Куманово во 1961 година.

Претходниот артикал,Летка,Боре и Славица-1970
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 4 ФЕВРУАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука