*31 декември 1930, во Скопје роден е Ацо Јовановски –Снагата – македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите на македонската драмска сцена. Тој е од првата генерација на дипломирани актери. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави, филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Според неговите актерски остварувања може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии, историски драми и филмови со современа тематика. За нив има добиено многу награди: за животно дело, за ролји и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“.Почина на 18 март 2016 во Скопје.

* 31 декември 1941 Во Струга, спроти новата 1942 година е испеана познатата песна „Денес над Македонија се раѓа” — денешната химна на Република Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија а на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македониja.

* 31 декември 1898.- Во Софија умрел Јосиф Ковачев, учител, педагог, основоположник на современото школство во Македонија, еден од најобразованите луѓе во Македонија во тоа време. Роден бил во Штип, на 14 јануари 1839 година.
* 31 декември 1902 г. според турски извештаи , поради антидржавна дејност во Скопје се затворени 861 христијани .

* 31 декември 1909, Лерин убиен е Лазар Стојчев , Леринско македонски
револуционер, лерински војвода на ВМОРО.Ѕоле влегува во ВМОРО и првично врши
курирски и други задачи. Потоа станува комита кај Тане Стојчев, а од 1903
година е лерински војвода на ВМОРО. Учествува во Илинденското востание. По
пропаста на востанието е околиски војвода. На 11 март 1905 година здружените
чети на Тане Стојчев и Ѕоле се борат во голема битка со османските војски и
башибозук во село Жерви, во која турците имаат многу жртви. Разјарени од
поразот, турците го горат целото село Жерви, од 45 куќи едвај 4 остануваат, а
54 селани се убиени. Како реонски војвода Ѕоле се движи во Леринскиот
револуционерен реон со 6 комити, а одделно дејствуваат неговите подвојводите
Насе Катин од Блаца, дејствува во Буфкол, Петар Христов Невољанчето во Нередско
и Крсте Љондев во Сетинско и Попадиско.
Во
1907 година праќа писмо до жителите на Бел камен, во кое им вели да не ги
помагаат грчките андартски чети кои ги убиваат Македонците и Власите во реонот.
По
Младотурската револуција Ѕоле се легализира и учествува во дејноста на
младотурците и застанува на чело на месната полиција. Убиен е во Лерин во 1909
година од турчин по грчка провокација.
*31 декември 1944 , починал Дељо Марковски — македонски револуционер.
* 31 декември 1946 година, со кој Македонија се конституира под името Народна Република Македонија, во рамките на ФНРЈ..

* 31 декември 1946г.-Донесен е првиот устав на Народна Република Македонија.со кој Македонија се конституира под името Народна Република Македонија.
* 31 декември 1986, починал Ѓорѓи Панов, македонски научен работник, професор на Медицинскиот факултет во Скопје, шеф на Катедрата по предметот Хигиена со социјална медицина и медицина на трудот
* 31 декември 1994г.-Македонија и Узбекистан воспоставија дипломатски односи.

*31декември 2019 во Белград почина проф.д-р Ратко Јанев, македонски атомски физичар и член на МАНУ. Проф.д-р Ратко Јанев е роден на 30 март 1939, во Свети Врач (денес Сандански), Пиринскиот дел на Македонија. Гимназија завршил 1957 година во Скопје, а 1963 година дипломирал на Електротехничкиот факултет, група техничка физика на Универзитетот во Белград. Од 1981 година работи како научен советник во Институтот за нуклеарни науки “Борис Кидрич“ во Винча. Проф.д-р Ратко Јанев бил претставник на Република Македонија во Мегународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија, и прв меѓународен функционер во меѓународните установи во системот на ОН од Македонија, по осомостојувањето на Република Македонија. Проф.д-р Ратко Јанев во 1993 година помогна во процесот на зачленувањето на Македонија во Мегународната Агенција за атомска енергија. и објавил следните книги: (1) Ратко К. Јанев, Љубо А. Петковски, Атомска физика, Македонска Академија на науките и уметностите, Скопје, 2012, (2) Collision Processes of Hydrocarbon Species in Hydrogen Plasmas, (3) Physics of highly charged ions, (4) Atomic and molecular processes in fusion, и (5) Atomic and plasma material interaction.










































