НА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 Јануари

0
432

 

*1 јануари 2012.- Почина Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија. Беше претседател во два мандата од 1991 до 1999 година. По пензионирањето Киро Глигоров беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН. На 3 октомври 1995 година во 9 часот и 50 минути преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“. Според неговата последна желба, погребот беше извршен во кругот на семејството. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип.

*1 јануари 1903.- Во Солун почна конгресот на ВМРО, на кој е решено да се дигне востание во Македонија.

*1 јануари 109.- Во Битола излезе првиот број на весникот „Работническа искра“, заштитник на работничките интереси во Турција. Одговорен уредник беше Васил Главинов. Последниот број излезе на 20 мај 1911 година.

ЕЛПИДА КАРАМАНДИ

*1 ЈАНУАРИ 1920, во Лерин е родена Елпида (Пида) Ставрева КАРАМАНДИ (псевд. Бисера и Нада), студент и револуционер, првоборец и народен херој.Од раното детство живее во Битола, каде што заврши гимназија. Како студент е учесник во македонското студентско движење на Белградскиот универзитет. Како член на СКОЈ од 1939 г. и на КПЈ од јуни 1941 г. беше организатор на женската младина во комунистичкото движење и во антифашистичкото движење.Во јануари 1942 г., стана член на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија и замина како борец на Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер”.

Во борбата на одредот над селото Лавци, Битолско, на 3 мај 1942 г. против бугарската војска и полиција беше тешко ранета и заробена, по што фашистите ја влечеа врзана за запрежна кола по битолските села за да го заплашат населението. Во такви околности и почина. Прогласена е за народен херој на 11 октомври 1951 г.

*1 јануари 1931г. Митрополитот Варнава издал специјален именик по кој можеле да се крстат новороденчињата ,а во кој биле изфрлени имињата кои не се српски.

*1 јануари 1941 година во Софија умира Петар Поп Арсов – македонски револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација.Роден е на 14 август 1868 година во с. Богомила, Велешко. Учествувал во создавањето на ВМОРО и станал член на нејзиниот прв ЦК. Тој бил задолжен да го состави и првиот Устав на Организацијата (кој не е зачуван). За време на Виничката афера, П.П.Арсов бил уапсен, осуден на доживотен затвор и одведен на заточение во Подрум-Кале, Мала Азија. Амнестиран е 1902 година, и продолжува да се занимава со револуционерна дејност. По Солунските атентати во април 1903 година е уапсен во Велес о одведен во Куршумли хан во Скопје. Бил еден од тројцата задгранични претставници избрани на Рилскиот конгрес на ВМОРО, во 1905 година. По расцепот на ВМОРО во 1907 година и припаѓа на т.н. левица.

*1 јануари  1945 г. –Во Скопје излезе првиот број на сатирично-хумористичкиот весник „ОСТЕН“

*1 јануари 1948 г. Основана е Државната Опера на Народна Република Македонија.

*1 јануари 1958.- Стапи на сила договорот за основање на Европската економска заедница, тогаш се уште под името Заеднички пазар, кој на 25 март во 1957 година во Рим го потпишаа Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија. Во заедницата, потоа Европска заедница, а сега Европска унија во 1973 година и пристапија и Велика Британија, Ирска и Данска, во 1981 Грција, во 1986 Шпанија и Португалија, во 1995 Шведска, Финска и Австрија, во 2004 Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија и Чешка, и во 2007 Романија и Бугарија.

*1 јануари 1965 г. роден е Шабан Трстена –борење ,мрепублички и државен репрезентативец ,учесник е на 7 државни првенства,26 меѓународни натпревари ,на 3 балкански првенства ,на 2 медитерански игри ,на 7 европски првенства,на 2 светски првенства,на 3 олиппијади и др.Носител е на грст медаљи од кои 8 златни и многу сребрени и бронзани медаљи.

*1 јануари 1966.- Во Пловдив умре Петар Манџуков, македонски револуционер, просветен работник, анархист, учесник во четата на Гоце Делчев, еден од основачите на Македонскиот таен револуционерен комитет во Женева (1898 г.), како и соработник на илегалните весници „Отм`штене“ и „Глас“. Позната е неговата мемоарска проза „Предвесници на бурата“. Роден е во селото Мирковци, Скопско, на 13 јануари 1879 година.

* 1 јануари 1995.- Во Скопје умре Методија Ивановски – Менде, македонски сликар и сценограф. Роден е во Битола, во 1929 година.

*1 јануари 1997.- Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.

*1 јануари 2014г.-Почина Д-р Тодор Џунов,професор ,публицист ,претседател на уставниот суд на Македонија и други високи функции.

*1 јануари 1999 година,„родено“ е еврото и во почетокот постоеше само како виртуелна валута што се користеше во сметководствени и финансиски трансакции. Физичката реалност ја имаше три години подоцна  во 2002 година , а сега го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 европски држави.Валутата не беше веднаш засакана и на неа се гледаше како на зголемена цена, па така и прекарот во Германија во почетокот и беше „теуро“ што значи – скапо.Еврото денес е популарна валута и покрај јакнењето на евроскептичните и популистички движења во голем број држави.

*1 јануари 2013г. –Почина истакнатиот писател Коле Мангов,од 1994 до 2000, период кога е завршена изградбата и пуштен во употреба Домот на занаетчиите во Старата скопска чаршија. Беше активен и во формирањето на Фондацијата за развој на мали претпријатија.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -31 Декември
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН 2 ЈАНУАРИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука