Беловишки Водопади

0
17

Овој  живописен предел со водопади во Општина Јегуновце.

Три водопади на Беловишка Река извираат од утробата на Пирибег, претпоследниот врв на долгата Шар Планина во нејзиниот западен дел. Пенливите води ги формираат трите водопади — Горна Скала, Долна Скала и Петочко Водиче. Третиот и најнискиот водопад месното население го нарекува уште и Враживир. Водите стрмоглаво се спуштаат по речиси непроодниот кањон до тетовското село Беловиште.

Беловишка Река е обилна со вода, но во исто време и чиста за пиење,  најголема е во период кога се топат снеговите на Пирибег и околината. Тогаш и трите водопади, чија должина досега никој не ја измерил, се најдолги и најубави, а кршењето на водата прави вистински спектар на бои.

 Тие три водопади упатените тврдат дека се втори по должина на Балканот.

-Долна и Горна Скала се доживуваат со поглед оддалеку, дури на стотина метри.

-Петочко Водиче е на дофат на Беловиште, на само еден километар над селото и до него води оформен поплочен пат.

-Враживир не е само водопад, каде што по карпестиот дел водата прави скок од приближно петнаесет метри, туку место кој се повеќе личи на туристичка месност.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука