НА ДЕНЕШЕН ДЕН-4 АПРИЛ

0
287

– 4 април 1904 година (поточно некаде помеѓу 9 и 11 часот), наеднаш се случил извонредно силен земјотрес со епицентар помеѓу ПЕХЧЕВО и КРЕСНА . Земјотресот бил со  интензитет од десет степени по Меркалиевата скала и магнитуда од 7,5-7,8 степени по Рихтер. Пехчевско-Кресненскиот земјотрес важи за еден од најсилните во Европа откако се Seizmikaвршат мерења од средината на 19 век, па наваму. 

-4 април 1915г.  српската војска извршила блокада на Скопје во потрага по воените бегалци-дезертери и  скриено оружје ,при што се пронајдени 187 пушки

– 4 април 1927 роден е Томе Момировски — македонски писател. Во својата богата кариера беше главен уредник во весникот Млад борецц и на Радио Скопје, како и уредник на списанијата Современостт, Културен животт и Погледии. Момировски беше министер за култура и претседател на Културно-просветната заедница на Македонија.Како писател Томе Момировски зад себе остави богат опус. Тој е автор на романите Грешна недела, Години несоници, Акцијаши, Чун и По полноќ, како и на повеќе книги повести, раскази, драми и есеи. Во 1987 година беа објавени неговите Избрани дела во пет тома. Добитник е на највисоките награди и признанија.

-4 април 1931 г.извршен е катастарски премер на скопска околија

-4 април 1945.- Во Скопје излезе првиот број на весникот “Флака е влазеримит” (“Пламен на братството”), прво гласило на албански јазик во Македонија.

-4 април 1949 година, 12 земји, во Вашингтон го потпишаа Договорот со кој се конституира Северноатлантската алијанса(НАТО).

-4 април 1988.- Во Скопје умре Славјанка Влахчева, прва медицинска сестра во Македонија и основач на првото училиште за медицински сестри во Македонија. Родена е во Штип, во 1900 година.

 -4 април 2011.- Во Софија умре Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Димовска е родена на 17 февруари 1954 во Скопје. Завршила Филозофски факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка кариера почна 90-тите години на минатиот век. Димовска беше на високи државни и партиски функции.

Претходниот артикал,Наставници по физичко Славјанка и Димче
Следната статија„ШКОДРЕВИ“-ИЛИНДЕН

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука