„ШКОДРЕВИ“-ИЛИНДЕН

0
483


Потомците на овој род најпрво живееле во скопското маало Крњево, потоа се доселиле и живееле во селата Јурумлери и Ајватовци, по што, дефинитивно, пред заминувањето на Турците од Македонија, се доселиле во Илинден. Како најстари и воедно како основачи на овој род се споменуваат браќата Трпе и Димче.

*Трпе имал два сина Николе и Митре и две ќерки Васа и Крстана ,која била омажена за Ангеле Бејтовски.

– Николе,син на Трпе имал три сина  Ѓорѓија, Душан и Цветан и една ќерка Лена.
Ѓорѓија,првиот син на Николе  имал три сина Борче ,Љупчо и (Перо).

Борче,син на Ѓорѓија има два сина Михаил и Филип.

Љупчо,син на Ѓорѓи има три деца Елена ,Марија и Никола.
Душан,вториот син на Николе имал два сина Мице и Томе.

 Мице,син на Душан има две деца Мартин и Мартина.

 Томе,син на Душан има две ќерки Тамара и Наталија .
Цветан,третиот син на Николе, има два сина Зоран и Јовица.

Зоран,син на Цветан  има син Марио.

 Јовица,син на Цветан  кој има една ќерка Мелани.

Лена ,ќерка на Николе омажена во Илинден .


-Митре,син на Трпе  имал син Богоја и две ќерки Павлина и Тана.

Богоја,син на Митре има два сина, Тони и Веле.

Тони, син на Богоја има два сина Јане и Марко.

 Веле,син на Богоја  има две деца Бојан и Елена .

Бане,Славка и синот Новица

*Димче, вториот брат од основачите на овој род имал два сина Богоја (починал млад) и Бане и три ќерки Мара,Вида и Цена.

Новица Трајковски-Академски Сликар

Бане,син на Димче има  два  Трипун и Новица и две ќерки  Благуна и Душка.

Сара Трајковска-Уметник

 Трипун,син на Бане  има син Благоја и ќерка Елена.
Новица,син на Бане  има две ќерки Катерина и Сара.
Шкодреви се познати по виртуозното свирење на гајди и други народни инструменти ,по селските забави, но, истовремено биле и добри мајстори – терзии. Таа „жица“ на тој креативен уметнички и фолклорен ген присутен е и во денешните потомци.

Од овој род има неколку уметници и тоа :Трајковски Новица -академски сликар ,како и неговата ќерка Катерина, Зоран Трпевски  сликар и и инструменталист-маузичар

Цветан Трпевски-уметник
Цветан Трпевски
Богоја Трајковски

 Цветан беше долгогодишен раководител на оркестарот на КУД „Илинден“ .

Никола Трајковски дипломиран музичар –хорнист.

Дури и за името на нивната галабија се прераскажувало дека тоа произлегувало од зборот Шкодра/е, што означувало назив за дел од носија или пак нешто поврзано со шиењето. Денес, потомците на ова галабија живеат во десет куќи и се меѓу поголемите фамилии во Населба Илинден. Припадници на оваа голема галабија денес се препознават под презимињата Трајковски и Трпевски.
Куќна слава им е „Петковден„.

***************************************************************************

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.

 На Ваше  укажување со факти истите ќе бидат  корегирани, дополнети или отсранети .

Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.

***************************************************************************

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-4 АПРИЛ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-5 АПРИЛ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука