НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 4 АВГУСТ
*4-АВГУСТ-1903.- Во селото Карбуница, Кичевско, се водеше една од најкрвавите востанички битки за време на Илинденското востание. Кичевските востаници, потпомогнати од 150 демирхисарци на чело со војводата Јордан Пиперката, успеаја да ги натераат турските сили да отстапат и долго време да не ја нападнат ослободената територија. Во жестоката борба загинаа 30 македонски востаници, а турската војска и башибозукот имаа 120 мртви.

*4-АВГУСТ-1903.- Во Крушево влегол Штабот на крушевските востаници свечено дочекан од народот, пред кој началникот на Штабот Никола Kарев одржал револуционерен говор, прогласувајќи ја првата македонска народна република и го повикал народот да избере привремена влада. Владата била формирана со учество на сите народносни групи во градот, а со тајно и слободно гласање избрани биле: ДИНУ ВАНГЕЛИ- претседател на Советот и одговорен за правосудство., НИКОЛАКИ БАЉУ- одговорен за санитарниот сектор, на Баљу му биле поставени на располагање и лекарите д-р Никола Димко и д-р Батал., ЃОРЃИ ЧАЧЕ-, секретар на Советот и одговорен за реквизиција. ТЕОХАР НЕШКОВ- касиер и одговорен за финансии., ДИМИТАР СЕКУЛОВ- одговорен за прехрана и производство.-и ХРИСТО ЌУРКЧИЕВ-. градоначалник и одговорен за полиција.

*4 август 1924 година,загинал Цветан Спасов, од 1920 година тој е војвода во Кратовско. На тој ден чета која броела 21 комита е опколена од 2000 души српски војници и потерџии на врвот Борса крај селото Тополовик, Кратовско. Започнува тешка петнаесетчасовна борба, во којашто српските напаѓачи користат артилерија. Четата го пробива кордонот, кога четникот В. Ананиев загинува, а војводата Спасов е тешко ранет и се самоубива.

* 4 август 1936 година. Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на Македонскиот јазик. За секој Македонски збор искажан јавно, надвор или во кругот на семејството, следувале тешки казни. Поради кршењето на забраната за користење на Македонскиот јазик, повеќе од 5000 Македонци биле осудени и затворени. Истовремено извршил и апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.
*4-АВГУСТ-1947.- Во Нови Сад фудбалскиот клуб „Вардар“ го одигра првиот квалификационен натпревар за влегување во Првата лига. Натпреварот го одигра со „Слога“ од Нови Сад, со резултат 1:1

*4 август 1952г . роден е Ристо Дарлев –борач во слободен стил,неприкосновен на терините во Македонија и Југославија ,како државен репрезентативец учесник на 2 олимписки игри,учесник е на 3 балкански првенства каде освоил 2 втори и едно трето место,учесник е на 7 европски првенства кад е на истите се пласирал од 3-то до 9-то место,учествувал на три медитерански првенства ,освојувајќи ги 1,2 и 3 место,учествувал на 4 светски првенства каде се пласирал од 6 до 11 место.

*4 август 1961г.за прв пат во Охрид започна да се одржува еден фестивал , кој подоцна ќе се преименува во ОХРИДСКО ЛЕТО. Се случи да блесне искрата на светлината под чудесните сводови на преубавата катедрална црква Света Софија-дел од монументалните древни вредности на Охрид, од 11 век) Блесокот на таа искра го означи раѓањето, односно почетокот на манифестацијата, која најверојатно беше предодредена од Бога, како што исто така беше дадена и оперската певица Ана Липша Тофовиќ
*4 август 1993.- Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.

*4-АВГУСТ-1999.- Во месноста Бунарџик, близу меѓународниот аеродром Петровец кај Скопје, во присуство на премиерите на Република Македонија и на Република Кина – Тајван, Љубчо Георгиевски и Винсент Сју, е положен камен-темелник на првата слободна индустриска зона во Република Македонија.









































