*18 ноември 2012 година, во Кадино, општина Илинден, беше пуштен во употреба новиот производствено-логистички центар на Пекабеско. Инвестиција вредна над 13 милиони евра, која отвори повеќе од 100 нови работни места.
* 18 ноември 1874.- Во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата “За македонцките работи”, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издаваше на македонски јазик, весникот “Вардар”. Умре во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.
* 18 ноември 1900 во Велес е роден Ганчо Хаџи Панзов македонски комунист и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна. Тој е меѓу првите македонски интербригадисти кои загинале во Шпанија.
* 18 ноември 1907 година грчкиот весник „Емброс“ пренесува дијалог меѓу рускиот конзул во Битола, Виктор Фјодорович Каљ и извесен полјак (селанец земјоделец) од селото Скочивир, Битолско. Во кои на експлицитен начин се потврдува високото ниво на националната свест и засебниот јазик на обичното македонско население. Во еден момент конзулот Каљ го запрашал селанецот „дали е Грк или Бугарин.„Македонци сме, а не Бугари, и нашиот јазик е македонски“, му одговорил македонскиот селанец на рускиот дипломат кој подоцна информациите за засебен народ различен од Бугарите и Грците ги пренесол до своите шефови во Москва.
* 18 ноември 1934г(според википедија).родена е Нада Ицева –Салџиева –падобранец,републичка и државна рекордерка во падобранство,била 4 пати шампион на Југославија и е учесник на многу балкански ,европски и светски првенства .Добитник на многу републички и државни награди.
*18 ноември 1944.- Во штотуку ослободената Битола, во присуство на околу 2.000 борци на Леринско-костурската бригада, од Воденскиот македонски партизански баталјон и од бригадата „Гоце Делчев“, е формирана Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, која влезе во составот на НОВ и ПО на Македонија. На местото каде што е формирана оваа прославена партизанска бригада, заменик-политички комесар на бригадата Вангел Ајановски – Оче, на 18 ноември 1984 година откри спомен-плоча.
*18 ноември 1986.- Во Скопје умре Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија, член на АСНОМ, потпретсeдател на првата влада на ФД Македонија. Роден е во Штип, на 19 мај 1910 година.
*18 ноември 1988.- Во Скопје умре Шукри Рамо, поет, раскажувач и литературен критичар од турска националност во Македонија. Автор е на книгите поезија „Татковината е една, не заборавај“, „Венец“, „Добредојдовте“, на збирките раскази „Полско цвеќе“, „Со огнот кон ѕвездите“ и други дела. Роден е во Штип, на 28 ноември 1918 година.
*18 ноември 1991.- Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласаa 92.
*18 ноември 1993.- Во Белград умре проф. д-р Светозар Бркиќ, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет во Скопје, познат англист. Има објавено поголем број есеи од областа на англиската и светската книжевност, меѓу кои и книгата „Македонски теми и дилеми“. Роден е во Обровац, на Зрмања, во 1916 година.
* 18 ноември 1997 година. Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција.