НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 4 Јули

0
484

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

*4 јули 2015 се постави каментемелник на проширување на детската градинка „Гоце Делчев“-Илинден. Со проширувањето ќе се догради нов дел  на детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, што ќе овозможи згрижување на нови 170 деца, со што вкупниот капацитет на градинката ќе изнесува 400 деца.Новоизградениот дел од градинката ќе биде  со површина од 650 метри квадратни со што вкупната површина на градинката  ќе изнесува 2.000 метри квадратни. Ќе се изградат  7 занимални, нова кујна, како и нова сала за приредби и манифестации.

Градинката  „Гоце Делчев“ е изградена и предадена во употереба во 2009 година и на почетокот згрижуваше 80 деца. Динамичниот развој на Општината, како и зголемениот прираст на населението, наложи потреба од зголемување на нејзиниот капацитет.Така, по само 3 години постоење, во 2012 година дојде до нејзино прво проширување, по што градинката можеше да згрижува 230 дечиња. Сега, со изградбата на новиот дел  ќе се овозможат услови градинката „Гоце Делчев“ да згрижи вкупно 400 деца.

* 4 јули 1895 година во Охрид, роден е ПЕТАР ШАНДАНОВ ,во сиромашно рибарско семејство.  Основно образование завршува во Охрид, а потоа учи во Битолската гимназија, каде во 1912 година се вклучува во ВМРО. Кон крајот на пролетта станува секретар во четата на војводата Георги Чуранов, во чиј дом во 1903 година бил одржан Смилевскиот конгрес.

Есента 1912 година, Шанданов со четата на Чуранов учествува во Првата балканска војна. По ослободувањето бега преку Албанија во Бугарија, каде од 1914 до 1916 учи во Военото училиште во Софија. По завршувањето на школувањето учествува во Првата Светска Војна како офицерски кандидат во Петтиот полк на Единаесетата дивизија.Во август 1940 година, Петар Шанданов и Павел Шатев испраќаат меморандум до СССР, за покровителство во решавањето на македонското прашање. Во почетокот на 1941 година разговара со американскиот пратеник Доналд Даунс за положбата во Македонија, а по интернацијата во Гонда вода се запознава со видни дејци на опизицијата и се вклучува во Антифашистичкиот фронт на Бугарија.Деветосептемврискиот пресврт во Бугарија во 1944 година, Петар Шанданов  потпишува во Софија „Апел кон Македонците во Бугарија“ и влегува во Временото македонско претставништво во Македонскиот научен институт. Во Македонија влегува кон крајот на 1944 година со бригадата „Гоце Делчев“, а потоа во Прилеп потпишува декларација кон македонскиот народ. По ослободување на Скопје, се префла таму. Шанданов бил делегат на Второто заседание на АСНОМ и избран за член на Президиумот на Народното собрание на Македонија. По конфликтот со Колишевски се враќа во Бугарија.Петар Шанданов умира на 15 октомври 1971 година во Софија.

 *4 јули 1907 година четата на Кршаков се бори близу село Стенско против андартските чети на капетан Рупакјас (Георгиос Томбрас) и капетан Лахтарас, како и со покасно пристигната турска војска. Тешко ранет, Кршаков се довлекува до селото Стенско каде се самоубива за да не падне во рацете на противникот. Неговите комити му ја отсекуваат главата за да ја зачуваат и се извлекуваат во село Д’мбени кaде што прават фотографија за спомен на која е и отсечената глава на својот војвода.

*4-ти јули 1913-год започнува Калиманската битка, помеѓу Бугарската војска од една и Српско Црногорска од друга страна, во која Македонците биле колотерална штета, некои од Бугарска страна други од Српска, се вели дека се бореле брат против брат, завршува на 11-ти јули.

* 4 јули 1944 година загинува Благоја Јанков – Мучето, учесник во НОБ.
По провала и полициската акција бугарскиот окупатор го открил неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во Струмица. Настанала нерамноправна борба на градските улици, во која Благоја Јанков Мучето херојски загинува.
За народен херој на Југославија од Македонија е прогласен на 11 октомври 1951 година.

*4 јули 1955-та година. Љубомир Бојаџиев од Велес  ја доби и дипломата од Правен факултет од Скопје и тоа со реден број еден. Со префрлањето од Загрепскиот на Скопскиот факултет, многу му помогна неговиот другар, електроинженер Љубе Ќурчиев, кој му ги заврши сите административни работи – вели Марионка Бојаџиева, сопругата на Љубомир, кој починал 1990-та година.

*4 јули 1996.- Република Македонија и Канада воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

*4 јули 2001.- Починал Никола Ковачевски, еден од доајените на спортското новинарство во Македонија. Роден е во Скопје, во 1923 година.

Претходниот артикал,Андреј Милчевски
Следната статијаЕЛЕНА ПЕШЕВСКА –РАКОМЕТАР

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука