* 27 Октомври во 2001 загина Александар Серафимов припадник на ЕСЗ Тигар.Им подлегна на претходно задобиените рани тешко ранет во главата во с.Матејче.Граѓаните на Свети Николе му оддадоа почит на нивниот сограѓанин Александар Серафимов со откривање на негова спомен биста во центарот на градот.
* 27 октомври1920.- Во Битола е роден Стефан Наумов – Стив, народен херој на Македонија. Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запиша на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше често затворан. По враќањето во Битола, во 1940 година беше избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година го формира Битолскиот НО партизански одред “Пелистер”. Загина (се самоуби) во борбата против бугарската фашистичка војска и полиција кај селото Болно, Ресенско, на 12 септември 1942 година.
* 27 октомври1898.- Во Велес е роден Димче Зографски, македонски револуционер и општествено- политички работник. Во младоста се вклучи во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност е осуден на пет години затвор. За време на НОВ на Македонија работеше во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што е интерниран од бугарската окупаторска власт. Умре во Скопје, на 3 јуни 1985 година.
*27 октомври1947.- Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.
*27 октомври 1993.- Во Женева, Советот на претставниците на ГАТТ (Општ договор за трговија и царини) донесе одлука со која Република Македонија доби статус на посматрач
* 27 октомври 1994.- Фестивалот „Охридско лето“ е примен во Европската фестивалска унија.