НА ДЕНЕШЕН ДЕН 4 МАРТ

0
2101

–  4 март 2001г. во близина на селото Танушевци,беа убиени тројца војници на АРМ.. Загинатите се: – КАПЕТАН КИРЧО ДИМИТРИОВ (†33) од Виница, капетан на АРМ,– ДЕЈАН ЈАКИМОВСКИ (†25) од Куманово,– ТЕОДОР СТОЈАНОВСКИ (†24) од Драчево, граничар во АРМ.

–  4 март 1881 година, во Ново Село, Штип,роден е Тодор Александров  , во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев и Марија. Таткото на Тодор бил учител во Радовиш, просветител и надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби. Тој бил ученик во бугарското машкото 3-то класно и педагошко училиште во Скопје и таму како ученик, Тодор Александров се вклучува во Македонското револуционерно движење.

–  4 март 1917 година, почна бомбардирањето на Битола, со преку 2000 гранати со бојни отрови. Покрај другите загинати и осакатени Битолчани, забележани се 50-тина од нив кои умираат во страшни маки од дејството на бојните отрови.

4 март 1942.- Во Софија бугарската полиција го уапси Никола Јонков Вапцаров, поет и револуционер. По четиримесечно измачување е стрелан во Софија, на 23 јули 1942 година. Роден е во Банско, Пиринска Македонија, на 7 декември 1909 година.

– 4 март 1944г. родена е Атина Бојаџи-маратонско пливање,родена е Атина Бојаџи. Во 1965г.на маратонот на Суетскиот Канал-Египет го освои 1 место. Во 1969 г. го преплива теснецот помеѓу Англија и Франција ЛА МАНШ,широк 44 км..Во четири години по ред беше на листата најуспешни македонски спортисти.Носител е на многу други  републички и тогашни државни награди,признанија .

 – 4 март 1945.- Во Скопје е одржан првиот слободен Црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на Цариградската патријаршија

4 март 1958.- Во Понтијак, САД, умре Смиле Војданов, македонски револуционер, учител и војвода. Учесник е во Илинденското востание како војвода во Дебарско и во Охридско. Тој е првиот македонски лобист на просторот на цела Северна Америка, залагајќи се за македонска држава. Роден е во селото Лактиње, Охридско, на 1 февруари 1872 година.

4 март 1965.- При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонско-детскиот театар во Скопје, од Драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во Драмски театар. Новиот театар на овој ден ја даде премиерната претстава „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.

4 март 1996.- Во Скопје умре архиепископот Охридски и Македонски г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев), трет поглавар на Македонската православна црква, учител, преведувач (прв ја преведе Библијата на македонски јазик) и уредник во Државното книгоиздателство на Македонија, прв декан на Богословскиот факултет во Скопје. Роден е во Скопје, на 17 април 1912 година.

Претходниот артикал,Весна и Валентина
Следната статијаЛегенда како настанала Гевгелија

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука